КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Недоволното спиење му наштетува на срцето

Дали една од омилените изреки ви е: „Ќе спијам кога ќе умрам?“ Можеби треба повторно да размислите на оваа тема. Науката е децидна – 8 часа сон на ден се неопходни за одржување на доброто здравје.

Дали една од омилените изреки ви е: „Ќе спијам кога ќе умрам?“ Можеби треба повторно да размислите на оваа тема. Науката е децидна – 8 часа сон на ден се неопходни за одржување на доброто здравје.

Спиењето помага да се одржи добрата меморија и расположението, го подобрува имунитетот, ги ублажува воспаленијата и помага во одржувањето на здравјето на кардиоваскуларниот систем. Кога спиете ги регулирате хормоните, нивото на инсулин, крвниот притисок, итн. Секогаш кога го нарушувате циклусот на спиење, сите овие нешта се изместуваат од нормалата, а тоа, на подолг рок, може да предизвика цела палета здравствени проблеми. Кога спиете, телото ги поправа оштетените ткива, создава клучни хормони и ги оформува спомените во процес наречен консолидација, што ви помага да извршувате нова задача многу подобро по спиењето, отколку ако истиот период го минете будни.   

На срцето му е потребен добар сон

Луѓето кои спијат малку (обично помалку од 6 часа дневно), како и оние што не поминуваат доволно време во подлабоките фази од спиењето, имаат многу поголем ризик од инфаркти и мозочни удари од оние што спијат по најмалку 7 часа.

Недоволното спиење ве дебелее

Последните истражувања укажуваат на тоа дека недоволното спиење можеби сериозно придонесува за зголемување на телесната тежина, како и ризикот од дијабетес. Одредени студии дури велат дека нарушеното спиење на подолг рок може да доведе и до прекумерна телесна тежина. Познато е дека недоволното спиење ја намалува чувствителноста на инсулин, клучниот хормон за регулација на шеќерот во крвта, што ја отежнува правилната метаболизација на шеќерот. Скусеното спиење, исто така ги подигнува нивоата на хормоните кои предизвикуваат глад, а во исто време ги снижуваат нивоата на хормоните што предизвикуваат чувство на ситост.

Оттаму, сосема е логично дека пролонгираното неспиење ќе доведе до зголемување на телесната тежина, дури и ако тоа се должи единствено на фактот што тогаш имаме повеќе време за јадење.