- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Дали имате проблеми со спиењето? Тогаш не сте сами. Барем една четвртина од населението не ги добива редовно потребните 6 до 8 часа сон. Иако тоа со себе носи здравствени проблеми кај сите, според најновите истражувања, последиците се пострашни кај жените.
Дали имате проблеми со спиењето? Тогаш не сте сами. Барем една четвртина од населението не ги добива редовно потребните 6 до 8 часа сон. Иако тоа со себе носи здравствени проблеми кај сите, според најновите истражувања, последиците се пострашни кај жените. Нередовното и неквалитетното спиење директно се поврзува со зголемување на ризикот од покачен крвен притисок, дијабетес, депресија и прекумерна телесна тежина. Кај жените, недостигот од сон носи речиси двојно полоши ефекти отколку кај мажите, и физички и психички. Истражувачите од универзитетот Ворвик пронашле директна врска помеѓу нарушувањето на сонот на подолг период и покачениот крвен притисок кај жените, но не утврдиле постоење на таква врска кај мажите. Претходно, на универзитетот Питсбург беше утврдено дека недостигот од сон кај жените предизвикува проблеми во врската, но тоа не важи и за мажите. Па, која е причината за ваквата огромна разлика? Научниците забележале поинакви реакции на лишувањето од сон кај мажите и жените, но можеби најважната разлика е склоноста кон повишување на крвниот притисок. Жените кои редовно спијат по пет часа или помалку имале барем двапати поголеми шанси за хронично покачен крвен притисок од жените што спијат по седум часа. Од друга страна, кај мажите, крвниот притисок останал непроменет без разлика дали спиеле 5 или 7 часа. Освен разликата во полот, кај испитаниците не постоеле значителни разлики. Дополнително, неквалитетното спиење кај жените го зголемува и ризикот од воспаленија на крвните садови, што може да доведе до кардиоваскуларни заболувања. Ефектите биле најзабележливи кај жените што се наоѓале пред менопауза. Истражувачите истакнале дека жените во просек спијат помалку од мажите, не само од физиолошки причини (несоница, депресија, итн.), туку и од социолошки причини – бидејќи од нив се очекува да имаат професионална кариера, но и да завршат најголем дел од обврските во домот. Сето ова, на подолг рок може да доведе до цела серија посериозни заболувања. Токму затоа, сите што сакаат да го зачуваат своето здравје (особено жените), треба веднаш да направат промени во животниот стил и во спалната соба, со што ќе му дадат приоритет на добриот сон.