КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Нови откритија за здравјето

Вашиот матичен лекар сигурно би Ви ги соопштил новите здравствени откритија, кога би имал време. Но, со оглед дека веројатно нема, прочитајте ги директно од лабораториите од коишто се излезени.

Вашиот матичен лекар сигурно би Ви ги соопштил новите здравствени откритија, кога би имал време. Но, со оглед дека веројатно нема, прочитајте ги директно од лабораториите од коишто се излезени.

Спијте мирно цела ноќ

Новото откритие вели дека можете да дремнете во текот на денот, без да чувствувате грижа на совест, затоа што сите истражувања не потврдиле дека постои директна врска помеѓу дремките во текот на денот и нарушувањето на нормалното спиење.

Всушност, дремките во времетраење до два часа немале никакво влијание врз сонот во текот на ноќта.

Зајакнете го имунитетот

Според најновите истражувања, редовното конзумирање на брусницата, зелениот чај и рибиното масло можат да го зајакнат имунитетот. Истражувањата биле направени на маратонци, кои имаат шест пати поголеми шанси да се разболат по напорна трка.

Кај сите се покажало дека клетките кои се задолжени за одбранбената функција во организмот функционираат абнормално неколку дена по исклучителниот напор. Со комбинација од кверцитин (антиоксиданс кој се наоѓа во брусница и црвен кромид), екстрактот ЕГЦГ од зелениот чај и рибиното масло, се добил значителен поттик за имунолошкиот систем, при борбата за нормализација.

Забрзајте го слабеењето

Доколку користите педометар при вежбањето, подесете го да мери поминати чекори, не потрошени калории. Бројот на калории се пресметува според формула и многу често не е во склад со индивидуалните параметри. Целта нека Ви биде 10 илјади чекори дневно. Доколку користите смартфоун, инсталирајте апликација за фитнес. Новите апликации ги пресметуваат потрошените калории врз база на повеќе параметри отколку педометрите, па така ќе добиете поточни податоци во борбата со килограмите.

Добијте поубава коса

Понекогаш користете балсам пред да се измиете со шампон. Во едно истражување, било забележано дека ниту еден од шампоните достапни на пазарот не ги отстрануваат до крај производите за обликување на косата.

Со текот на времето, тие се напластуваат на фоликулите, со што значително ја оштетуваат косата. При една случајност, било откриено дека миењето прво со балсам, а потоа со шампон, многу потемелно ги чисти влакната.