КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Јога за подобар сон

Речиси секој од нас веќе имал или сéуште има проблем со спиењето. Можеби сте се напиле кафе пред да легнете или пак сте легнале да спиете, па нешто што многу ве изнервирало...

Речиси секој од нас веќе имал или сéуште има проблем со спиењето. Можеби сте се напиле кафе пред да легнете или пак сте легнале да спиете, па нешто што многу ве изнервирало... Можеби сте се загрижиле за обрвските кои Ве очекуваат следен ден. Доколку Вашите проблеми се доста чести, најверојатно веќе сте помислиле што сè можете да направите за да си помогнете. Инструкторите по јога нудат неколку совети како да го подобрите сонот! Легнете исто како кога сте преморени Легнете релаксирано на Вашиот грб. Оваа положба се нарекува Савасана. Нозете треба да бидат испружени, а стапалата поставени во ширина на карлицата. Рацете нека бидат покрај телото на растојание од една дланка. Релаксирајте ги прстите така што дланката треба да е свртена надолу. Во оваа позиција најчесто завршува јога тренингот. Зошто и напорниот ден да не го завршите на овој начин?

Оваа позиција Ви нуди целосна поддршка за половината. Тежината на телото еднакво е распоредена, со што се спречува создавање на притисок врз одделни делови од телото или екстремитетите. Циркулацијата на крвта се одвива непречено, како и дишењето. Внатрешните органи се во правилна позиција и не се изложени на притисокот од телесната тежина. Савасана претставува релаксирачка позиција која ви овозможува мир и самодоверба. Мирна атмосфера Особено е важно да создадете пријатна и мирна атмосфера пред да легнете да спиете. Ова значи дека треба да ги отстраните сите извори на вознемиреност, како се силните светла, ТВ-от или компјутерот. Сите овие работи го стимулираат нервниот систем и не дозволуваат да заспиете. Но, можете да создадете мирна атмосфера, слушајќи музика која смирува. Местото каде што спиете, потребно е да биде добро проветрено и затемнето пред да заспиете. Покрај овие нешта, квалитетот на Вашиот душек и перница е исто така важен фактор. Секој ден во исто време Иако звучи тешко да се постигне, треба секој ден да заспивате и да се будите во исто време. Ова ќе ви овозможи правилно функционирање на внатрешниот часовник и поделба на активното време од времето кое е наменето за одмор. Додека спиете, дишењето е од исклучителна важност. Многумина имаат проблеми со алергиите или пак потешкоти при дишењето кои се резултат на постојан стрес. Ова особено се забележува во доцните вечерни часови – кога пред да заспиете се обидувате малку да се смирите. Визуелизирајте си дека ќе спиете мирно Позитивната визуелизација во текот на денот и пред заспивањето - дека ќе спиеме удобно и квалитетно - секогаш има позитивни резултати.

Можеме да ги збогатите последните моменти од денот со: “Одам во кревет смирено и исполнето. Ќе имам одличен сон.” Јога положби Овие положби можат да го смират телото и умот и да ве внесат во подлабок сон.

Веќе ја споменавме положбата на телото наречена Савасана. Исто така можете да ја пробате и детската положба на телото наречена Баласана. Легнете на свиените колена. Главата поставете ја удобно на душекот. Рацете опуштете ги и релаксирајте ги покрај телото. Доколу имате висок крвен притисок, поставете нешто под главата - потпрете се на раката или перницата. Стомачниот дел има целосна потпора во оваа положба, а телото е релаксирано. Почувствувајте го удобното истегнување во делот на грбот. Можете и бавно да го свивате телото нанапред неколку пати, притоа внимавајќи дишењето да биде длабоко. Пред времето за спиење, се препорачува положбата наречена Паванамуктасана, која помага при ослободување од подуеност и напнатост на дигестивниот систем. Легнете на грб и задржете ги колената. Симултано со дишењето, полека придвижувајте ги колената поблиску до градите. Задржете се во оваа положба некое време – отприлика половина минута, а во меѓувреме длабоко издишувајте. Потоа, свиканите колена полека спуштете ги на душекот. Можете да ги повторувате вежбите неколку пати. Кога ќе завршите со вежбите, прво истегнете ја едната нога, а потоа и другата. Доколку и Вие имате проблеми со спиењето, Ви препорачуваме, покрај овие трикови, да се обидете и со Дормео Комфорт душекот, кој претставува одлично решение за болки во `рбетот, половината и колковите и му овозможува на Вашето тело да се релаксира и да се одмори.