- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Пролетта е она време од годината кога бројот на алергии значително се зголемува. Поленот и алергиите во средината се само дел од виновниците кои ја влошуваат ситуацијата. Сите сме запознаени со алергиите предизвикани од полен и прашина.
Поленот и алергиите во средината се само дел од виновниците кои ја влошуваат ситуацијата со здравјето. Сите сме запознаени со алергиите предизвикани од полен и прашина.
Како дополнување на проблемите со дишните патишта настануваат и други проблеми и болести, како што се главоболките, недостатокот на сон, замор, слаба концентрација и слично.
Според најновите проценки, 12 милиони лица ширум светот имаат астма и проблеми со дишењето. Овие луѓе потешко заспиваат и нивниот сон лесно може да се наруши. Кашлањето и гушењето се влошуваат доколку тие спијат на стар душек, полн со прашина и бактерии и доколку е мокар од пот.
Експретите потврдија дека менувањето на душекот значително го намалува присуството на прашина и бактерии кои се винови за алергиите.
Една студија која го мереше присуството на прашина и бактерии во 3500 различни душеци, откри дека алергените се 68-53% присутни во тие душеци. Се покажа дека преголемата чувствителност на прашински грини е главната причина за појавата на астма.
Алергените од прашината создаваат микроскопски пори во слузницата во дишните патишта и на тој начин другите алергени (од животни, растенија...) полесно влегуваат во организмот и со тоа се влошува состојбата на пациентот.
Прашинските грини се микроорганизми слични на пајаците (со големина од 0.2 до 0.3 мм). Ензимите од нивниот измет предизвикуваат алергии. Тие живеат во душеците, перниците и ќебињата (прашината во душеците содржи 80% од вкупната прашина во домот), но исто така може да живеат во килимите, столовите и други предмети кои се направени од некаков материјал.
Тие се хранат со мртви клетки и најмногу се размножуваат на температура од 22 – 26 °C и влажност од најмалку 50%. Алергените од нивниот измет остануваат во прашината во големи количини, до крајот на зимата.
Алергијата на прашински грини се манифестира со астма, воспаление на носната слузница и кожата. Осипот се појавува наутро, веднаш по будењето. Симптомите се присутни во текот на целата година, но најизразени се во зима и кога времето е влажно.
Една третина од животот го поминуваме во спиење, па затоа многу е важно да го замениме стариот душек со нов. Дали знаете дека после седум години тежината на душекот се зголемува два пати повеќе, поради насобраните прашински грини, пот и друга прашина. Затоа експертите советуваат да се замени душекот на секои пет до седум години. Најдобриот избор се природните материјали со навлака која ќе ја спречи појавата на прашински грини. Прашинските грини не се размножуваат во мемори пена, па затоа таа е добар избор. Како дополнување многу е важно да ја одржуваме хигиената и целосно да ја проветруваме спалната соба.
Ако имате проблеми со алергии или едноставно не сакате да спиете во друштво на пестициди, тогаш е време да го замените стариот душек со нов, а најдобриот избор би бил душек од мемори пена.
Сонот е златниот синџир кој ги спојува здравјето и нашето тело (Томас Декер)