КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Основни причини за нарушување на сонот

Постојат многу проблеми поврзани со спиењето, но од некои од нив не можете лесно да се ослободите. Проверете кои се причините за тоа и преземете нешто веднаш!

Постојат многу проблеми поврзани со спиењето, но од некои од нив не можете лесно да се ослободите. Проверете кои се причините за тоа и преземете нешто веднаш!

Температура

Луѓето постојано се жалат на времето и никогаш не се задоволни од моменталната клима. Секогаш ни е прежешко во лето и престудено во зима. Но освен температурата, големо влијание на спиењето има и влажноста на воздухот.

Во лето, најчесто имаме проблеми со жештината и влажноста

Проблемот може лесно да се реши со купување на клима-уред кој во исто време го лади и суши воздухот.Но некои луѓе не ги поднесуваат најдобро клима уредите, а освен тоа им претставуваат и голем финансиски издаток. Многу поевтино ќе си поминете со проветрување.

  • Дење прозорците нека ви бидат затворени, а ноќе, кога температурата опаѓа, отворени.
  • Исто така можат да помогнат и завесите или драперите, зашто го спречуваат директното продирање на сончевата светлина и топлина.
  • Можете да се обидете и со влажна ткаенина, но внимавајте да не настинете.

Во зима ситуацијата е обратна

Штом ќе опадне температурата, почнуваме со загревање на домот. Радиаторите и другите грејни тела честопати го сушат воздухот, и заради тоа нашата слузокожа станува поподложна на нападите на вирусите и бактериите.

  • Проветрувајтеја спалната соба неколку пати на ден и намалете ја температурата на грејното тело во спалната соба.
  • Можете да користите и овлажнувачи на воздухот или бесплатната верзија – чаши наполнети со вода кои ги ставате на грејното тело.

Врева

Честопати провертувањето е речиси оневозможено од уличната врева. Сообраќајот, гласните минувачи или кучето на соседите кое гласно лае можат да ви го уништат сонот. За несреќа, тие вознемирувачки фактори не можат да се отстранат.

Но лесно можат да се „стишат“ со тампони за уши. Само кога ќе ги купувате, внимавајте да купите од тие што се за врева, а не за пливање.

Музика за добар сон

Некои луѓе заспиваат со смирувачка врева, на пример музика која ги успива.Можете да употребите звуци од природата, птици, вода... Ако и ова не ви е доволно, преуредете го станот и префрлете ја спалната на место каде што прозорецот е најдалеку од вревата.

Светло

Најголем број од луѓето живеат во градови каде е голема загаденоста од осветлувањето. Главните улици се осветлени по цела ноќ и веќе не знаеме што е вистинска темница.

  • Против  тоа можете да се борите со дебели завеси и ролетни кои оневозможуваат влез на светлина.
  • Ако не можете да си ги дозволите нив, наједноставно решение ви е маска за на очи.

Инсекти

Обично во зима немаме проблеми со инсекти. Но тие се чест проблем во лето. Штом ќе се смрачи и ќе запалите светло, околу него веднаш се собираат комарци, молци и мушички.

  • Со ова ќе се справите ако поставите мрежи на прозорците, кои овозможуваат да влегува воздух во домот, но ги спречува инсектите.
  • Помалку сложена варијанта се инсектицидите кои можете да ги најдете во изобилство на пазарот.