- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Дали знаевте дека спиењето на неквалитетна перница може да предизвика главоболки, лош сон, проблеми со концентрација и нетрпеливост?
Дали знаевте дека спиењето на неквалитетна перница може да предизвика главоболки, лош сон, проблеми со концентрација и нетрпеливост?
И покрај квалитетното производство и полнење, перниците со тек на време ги губат своите карактеристики после три години постојана употреба. Затоа тие може да го доведат вашето здравје и благосостојба во опасност.
Старата перница нема да им ја даде потребната поддршка на вратот и главата, па затоа вие ќе се будите уморни и со болки.
Полнењето на перницата кое е старо содржи многу алергени, кои предизвикуваат алергии, ги влошуваат симптомите на проблемите со дишењето и создаваат непријатна средина за спиење.
Во просек ние ја користиме перницата 8 часа дневно и на крајот таа се полни со мртва кожа и пот. Просено секој човек лачи помеѓу 2 до 3 дл. пот во текот на ноќта.
Затоа се препорачува да ја менувате перницата на секои 3 години.
Кога купуваме перница или јорган – производ кој секојдневно ќе ја допира вашата кожа ние секогаш одбираме природни материјали. Најчесто се одлучуваме за волна или памук, но кашмирот и свилата исто така ја смируваат кожата и создаваат удобна средина за спиење.
Природните материјали имаат позитивно влијание врз нашата благосостојба. Иако бамбусовите влакна тукушто започнаа да бидат дел од нашиот живот, тие веќе ги надминаа горе споменатите материјали во многу карактеристики. Сите овие влакна се еднакви во однос на мекоста, а бамбусовите влакна се целосни победници во категоријата на апсорбирање на вода.
Долги години, бамбусот се сметаше како материјал за градење, но и за јадење. Во текстилната индустрија се користел на многу поинаков начин за разлика од сега. Во комбинација со жица, се ставал во корсети и други парчиња облека кои требале да бидат во некоја посебна форма. Бамбусот исто така се користел за изработка на традиционална облека во руралните делови од Кина.
Во споредба со памукот, бамбусот апсорбира 60% повеќе влага, а тоа се одлични вести за секој кој често се поти. Јорганите и перниците кои се направени од бамбусови влакна се соодветни за оние кои не можат да користат одредени природни материјали поради различни видови алергии. Бамбусот има природни антиалергиски и анти-бактериски карактеристики и затоа јорганите и перниците се постојано свежи, па и покрај долгата употреба тие нема да почнат непријатно да мирисаат. Луѓето кои ги иритира волната немаат проблеми со производите кои содржат бамбус.
Органските и природни карактеристики на бамбусот не ја иритираат кожата, па затоа сите производи се соодветни за лица кои имаат чувствителна кожа. Бамбусовите влакна имаат и други две важни карактеристики –способност за терморегулација и исклучителна проветреност. Кога е топло, бамбусовите влакна се шират и ја оставаат кожата да дише, а кога е ладно влакната се собираат и ја задржуваат топлината близу телото. Затоа јорганите или пак перниците со бамбусови влакна се одлични и може да се користат во текот на целата година.
Без разлика на тоа кои производи ги купуваме, еколошкиот аспект е многу важен - затоа еколошките материјали и производство се добредојдени. Бамбусовите влакна се еколошки поради неколку причини, почнувајќи од растењето па до производството.
Плантажите со бамбус сами се обновуваат, исто како и тревата. Дури и ако ги исечете тие повторно ќе пораснат – и тоа за многу кратко време, тие растат 60 см секој ден. Дрвата растат многу брзо едно до друго и зафаќаат многу мала површина во споредба со памукот. За успешно да пораснат нема потреба од пестициди, а тоа е многу важно за природно производство. Друг важен фактор е дека им треба значително помалку вода во однос на другите растенија (посебно памукот кој е познат како „жедното“растение.
Додека расте бамбусот го прочистува воздухот и испушта 40% кислород во воздухот. За крај бамбусот е 100% разградлив по неговата употреба.