КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Перницата треба да се менува на секои 3 години

Сте знаеле ли дека главоболките, лошото спиење, исцрпеноста и неможноста да се сконцентрирате, во голема мера се должат на спиењето на несоодветна перница? По спроведените истражувања било заклучено дека перниците треба да се менуваат на секои 3 години.

Сте знаеле ли дека главоболките, лошото спиење, исцрпеноста и неможноста да се сконцентрирате, во голема мера се должат на спиењето на несоодветна перница? Предолго користената перница ја губи правилната форма и по некое време вратот почнува да се оптоварува, а вие се будите изморени, наместо одморени. По спроведените истражувања било заклучено дека перниците треба да се менуваат на секои 3 години.

1. Антиалергиски материјали

Поради присуството на мртвите кожни клетки и потта, старите перници се совршено место за размножување на прашинските грини, кои се најголемата опасност за појава на астма. Алергиските реакции од прашински грини се препознаваат по главоболките, лошото спиење, телесна исцрпеност, итн. Но, уште пострашно е што алергенсите од прашинските грини можат да предизвикаат создавање на нови алергии. Затоа, од исклучителна важност е да одберете перница со соодветна заштита или пак перница што е изработена од антиалергиски материјали.

2. Перница што може да се пере

И покрај сите преземени мерки за заштита, сепак мора редовно да ја проветрувате спалната соба и да ја перете постелнината. Ако мудро одберете, не само што навлаката од перницата ќе се пере, туку и целата перница.

3. Правилна потпора

Ако перницата е користена предолго време, таа ја губи формата, со што доаѓа до оптоварување на вратот и следствено на тоа – постојани главоболки и вкочанети мускули. За да ги избегнете овие проблеми, треба да одберете перница што ви е удобна, но и ќе ви обезбеди соодветна потпора: ако спиете на стома – ниска, мека перница; ако спиете на грб - повисока и средно цврста перница; а ако спиете на страна – повисока, анатомска перница.

4. Рок на траење на перниците

Дури и најквалитетните перници имаат свој рок на траење. Се препорачува перницата да се менува на две до три години, во зависност од материјалот и моделот. Со тоа се подобрува квалитетот на спиењето и хигиената. И запомнете – штедењето никогаш не се исплати, ако со тоа си го загрозувате здравјето.