КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Планирам да купам нов душек. На што треба да обрнам внимание?

Време е за нов душек. Најчесто луѓето ја користат оваа фраза кога пружините се веќе излезени од душекот и ги боцкаат во грбот или кога заштитната прекривка е веќе стара и валкана. Но зошто да страдате и чекате толку долго?

Совети за купување на вистинскиот душек

Време е за нов душек. Најчесто луѓето ја користат оваа фраза кога пружините се веќе излезени од душекот и ги боцкаат во грбот или кога заштитната прекривка е веќе стара и валкана. Но зошто да страдате и чекате толку долго?

Покрај тоа, купувањето на вистинскиот душек не е толку тешко како што изгледа. Едноставно мора да бидете свесни и да размислите за одредени факти.

Одбирање душек

Многу често без да сакаме стануваме заложници на лошото здравје. Ако спиете на стар душек тогаш веројатно имате проблеми (или ќе имате проблеми) со несоница, нема да се чувствувате одморени, ќе имате болки во грбот и ќе се чувствувате како да спиете на шини.

Се согласуваме – душекот чини многу повеќе од еден леб, но лебот ќе го изедете за кратко време, а душекот ќе ви служи долги години. Ако направите пресметка и цената на душекот ја поделите на онолку денови колку што ќе го користите ќе сфатите дека трошоците се всушност многу мали. Покрај тоа, добар душек= добар сон = добро здравје.

Големината на душекот

Вистинскиот душек треба да ја надмине вашата висина за најмалку 20 см. Препорачаната ширина на вистинскиот душек е 90 см по лице. Доколку душекот е многу тесен, вие ќе си пречите во текот на ноќта. Покрај тоа, ако не планирате да го смените креветот, туку само душекот, измерете ја рамката за да може да ја купите точната димензија на душек.

Положба на спиење и цврстина на душек

Кога одбирате душек мора да ја земете предвид и положбата во која спиете. На некои делови од телото ќе чувствувате повеќе притисок, па затоа на тие делови им треба различна цврстина. Ако најчесто спиете на грб тогаш повеќе ќе ви одговара поцврст душек. Вашиот ‘рбет има потреба од соодветна поддршка кога спиете на грб. Ако повеќе спиете на страна, тогаш одберете помек душек кој ќе им даде соодветна поддршка на колковите и рамената.

Ако само сакате да лежите на страна, тогаш не се препорачува цврст душек, бидејќи најверојатно ќе притискате одредени точки кои ќе го зголемат крвниот притисок, а високиот крвен притисок е причина што се будите во текот на ноќта.

Ако сакате да спиете на страна, тогаш мора да бидете сигурни дека душекот ги следи контурите на вашето тело. Добриот душек ќе биде помек во горниот дел и поцврст во долниот дел. На тој начин вашиот ‘рбет ќе ја има потребната поддршка, а зглобовите и мускулите нема да бидат оптоварени.

Цена

Поголем дел од луѓето трошат многу повеќе пари кога купуваат рамка за кревет. Тоа е навистина жално. Вие спиете на душекот, не на рамката. Ако се сомневате во вашата одлука, консултирајте се со агентите за продажба кои се во продавницата. Шансите дека тие имаат повратни информации за душеците кои ги продаваат се големи и тие дефинитивно ќе ви помогнат да го одберете вистинскиот душек.

Ослободете се од секакви пречки

Дали се превртувате и не можете да заспиете? Пробајте да одговорите зошто е тоа така? Можеби затоа што вашиот душек е премногу топол, влажен, има бактерии и непријатна миризба. Ве замолуваме да не ја правите истата грешка два пати и одберете душек кој не собира прашина, бактерии и непријатни миризби.

Посебни потреби

  • За бебиња се препорачува малку поцврст душек за да имаат соодветна поддршка на ‘рбетот кој е во развој. Покрај тоа, душеците за бебиња треба да бидат едноставни за одржување.
  • За постари лица се препорачува да спијат на помек душек кој ќе спречи појава на притисок во зглобовите. Тоа ќе го зголеми протокот на крв што ќе овозможи подобар сон.
  • Бремените жени најчесто спијат на грб, па затоа нивните колкови чувствуваат најмногу притисок. За нив се препорачува мек душек.