КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Победете ја несоницата

Често ли ви се случува по цела ноќ да се превртувате во кревет во борба со несоницата? Ова е многу честа состојба и доколку сакате да дојдете до поквалитетен сон дефинитивно ќе мора да промените дел од своите навики.

Често ли ви се случува по цела ноќ да се превртувате во кревет во борба со несоницата? Ова е многу честа состојба и доколку сакате да дојдете до поквалитетен сон дефинитивно ќе мора да промените дел од своите навики.

1. Посетете го матичниот лекар

Несоницата во одредени случаи може да биде ран предупредувачки знак дека нешто не е во ред со вашето здравје. Од друга страна, ако не страдете од хронична несоница, може да се работи само за показател дека сте под засилен стрес, па затоа ќе треба да поработите на опуштањето.

2. Сменете ја исхраната

Најголемиот непријател на луѓето што страдаат од несоница е кофеионот. Ако ве мачи овој проблем, избегнувајте кофеин во сите можни форми попладне. Исто така, променете го терминот на оброците. Вечерата јадете ја најмалку 4 часа пред легнување, а ако не можете да заспиете од глад, каснете мала ужинка составена од јаглехидрати што ќе ви помогне да заспиете. Многу е важно и да не внесувате премногу течности пред спиење, за да не го посетувате тоалетот во времето кога треба да спиете.

3. Обезбедете совршена средина за спиење

Ако јадете, читате, гледате телевизија или можеби дури и работите во постелата, престанете веднаш. Спалната соба треба да ја резервирате единствено за спиење и секс. Дополнително, спалната соба треба да биде малку постудена од другите соби и добро проветрена. Треба да имате удобен кревет и постелнина и да немате никаков извор на светлина околу себе во текот на ноќта. Ако имате електронски будилник, свртете го кон ѕидот, за светлината од дисплејот да не ви пречи.

4. Вежбајте редовно, но никогаш доцна навечер

Редовната физичка активност ви служи како регулатор на речиси сите процеси во телото. Но, ако вежбате доцна навечер, тоа може да ги наруши процесите – да ја подигне телесната температура доволно за да не можете да заспиете, да ви даде дополнителна енергија, итн.

5. Создадете си рутина пред спиење

Одберете два до три чекори за кои сте сигурни дека можете да ги повторувате секоја вечер, во истиот интервал. Тоа може да е топла бања, читање 20 страници од добра книга, јога или што било друго. Важно е дека со повторувањето ќе создадете условен рефлекс и ќе почнете да станувате поспани уште при почетокот на рутината.

6. Избегнувајте попладневни дремки

Обично попладневните дремки се многу корисни за добивањето дополнителна енергија, зголемување на концентрацијата, итн. Но, ако страдате од несоница, дефинитивно ќе ви го отежнат заспивањето што и така ви е тешко. Затоа, барем додека го стабилизирате циклусот на спиење, чувајте го сонот за доцните вечерни часови.