КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Подобар сон со помош на тревки

Дали сте се обиделе со разни фармацевтски помагала и техники препорачани од експерти за спиење но мирниот сон се уште ви бега? Решението за вашите проблеми може да биде скриено меѓу чудата на природата – тревките!

Предноста од користењето тревки

Пред да почнеме да зборуваме за специфични тревки кои можат да направат ноќта да ви биде попријатна, би требало барем да ги спомнеме главните предности кои тревките имаат да ги понудат во борбата со несоницата.

Првата предност се сосема природните состојки,  бидејќи тие не го оптеретуваат па дури не го ни трујат  (најлошо сценарио) телото со потенцијално штетни адитиви.  Втората предност се цените: тревите се генерално поевтини во однос на повеќето решенија за подобар сон. И на крај, можете да најдете тревки кај секој цвеќар или во било кој супермаркет. Звучи добро, зарем не? Ајде да збориме за деталите тогаш.

Валеријана (Valeriana officinalis)

Валеријаната долго се користела со добри резултати како алтернативен лек за несоница и разни други општи здравствени проблеми. Дневната доза на валеријана можете да ја земете во фрома на чај или да ја распрскате вашата соба со мирис што опушта со користење на есенцијални масла. Валеријаната се користи за смирување на стресот и анксиозноста што исто така би требало да помогне за вашиот сон.

Маточина (Melissa officinalis)

Не е чудно зошто пчелите го обожаваат бидејќи има мирис кој смирува. Меѓу останатите работи тоа може исто така да ви помогне да спиете подобро. Можете да си подготвите чај од маточина или сируп од кој се прави убав сок кога се меша со вода. Вие исто така можете да додадете листови од маточина во различни пијалоци, а маточината оди добро и со риба и пилешко. Дали мораме да ви ја спомнеме опцијата за фантастични салати со маточина?

Лаванда (Lavandula)

Лавандата е една од најпопуларните тревки кај искусните тревари и е позната по својот смирувачки ефект. Бидејќи тензијата, нервозата и грижите се меѓу најчестите причини за лош сон, лавандата е одличен придружник во вашата спална. Можете да пиете чај од лаванда, да се опуштате во топла бања со лаванда или, како и со многу други тревки, да создадете опуштена атмосфера во вашата спална со помош на есенцијални масла.

Рузмарин (Rosmarinus officinalis)

Дали често се чувствувате исцрпено навечер? Може да помислите дека ова би ви помогнало да заспиете полесно но тоа не е секогаш така, бидејќи менталниот и физичкиот умор можат брзо да предизвикаат сон кој не окрепува. Рузмаринот е совршен за таквите проблеми и се користи од многу тревкари за да се намали уморот. Миризливиот рузмарин може да се додаде на разни јадења, каде ќе погодите две птици со еден камен: вашите јадења ќе бидат повкусни и вие ќе спиете подобро.

Хмел (Humulus)

Веројатно знаете дека хмелот е важна состојка кај вашето омилено пиво, но тоа исто така може да ви помогне да спиете подобро (но не и кога е дел од пивото). Хмелот долг период се користел за да се намали нервозата, а ова е причината зошто често се става во чаеви за подобро спиење. Зошто не си направите себе си една шоља со вкусен чај од хмел со додаток од лаванда и камилица оваа вечер?

Кантарион (Hypericum perforatum)

Кантарионот е добро позната лековита билка која често се користи во алтернативната медицина за различни здравствени проблеми – вклучувајќи и лекување депресија. Бидејќи може да ви го подобри расположението тоа може исто така и да го подобри вашиот сон. Но бидете внимателни: кантарионот може да влијае врз ефектите на други лекови на вашето тело.  Консултирајте се со лекар или апотекар пред да го користите.

Мачја трева (Nepeta cataria)

Мачјата трева го добила своето име од мачките. Мачките ја обожуваат мачјата трева! Тие сакаат да се тркалаат или да се тријат од неа, после што многу од нив задремуваат малку. Мачјата трева содржи состојка која се нарекува непеталактон, која исто така може да направи вашите проблеми со спиењето да исчезнат. Вие можете да да припремите во форма на чај или да додадеете нејзини листови во салатата.

Исусов венец (Passiflora incarnata)

Вистинскиот Исусов венец е познат по своите лековити ефекти за многу здравствени тегоби. Него особено го сакаат во Јужна Америка, каде често се користи за опуштање. Се разбира, можете да го купите во ваѓата земја и да направите прекрасен чај од неговите листови и цветови. Прекрасен чај кој ќе направи да имате прекрасни соништа.

А што ако тревките не ви помогнат да спиете подобро?

Во тој случај, вие ќе можете да ги отстраните сите електронски апарати од вашата спална, целосно да ја проветрувате просторијата и да направите да биде пријатно темна, а потоа мирно да легнете на удобната постела. Тоа е исто така многу природен начин да се дојде до подобар сон зарем не? Добра ноќ!