КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

10 чекори до подобро здравје и подобро расположение

Звучи едноставно – пијте доволно вода, наспијте се, престанете да се жалите и вашиот живот ќе се подобри. Но, понекогаш ни се потребни мали потсетници за едноставните чекори кои можат да направат огромна разлика.

1. Елиминирајте ја пренатрупаноста

Сте се запрашале зошто луѓето што никогаш ништо не фрлаат изгледаат толку мизерно? Пренатрупаноста не мора да биде физичка, можа да биде и емоционална, но во секој случај е лоша за вас. Исчистете го животот: од старата и износена облека, од непотребните предмети во домот, од лошите емоции...

2. Внесете додатоци

Земајте додатоци со омега-3 масни киселини. Корисните масти што ги има во лосос, семе од лен и ореви, ви даваат сјајна кожа, го ублажуваат стресот и ги намалуваат воспаленијата.

3. Додајте вода

Ова веројатно сте го чуле и порано, но важно е да пиете доволно вода за вашето тело секогаш да биде соодветно хидрирано, за да може соодветно да функционира.

4. Заборавете на жалбите

Престанете да се жалите дека никогаш не го добивате она што го сакате и создадете го она што го сакате. Преземете иницијатива за промени.

5. Создадете си дневен ритуал

Ако одвоите барем 10 минути за себе, секој ден, тоа може да направи чуда при елиминирањето на стресот и анксиозноста. Медитирајте 5 минути наутро, пред да започнете со денот. Опуштете се 5 минути пред спиење. Читајте некоја инспиративна книга, направете си бања или опуштете се со топла шолја чај.

6. Придвижете сe!

Вежбањето не само што ви ја подобрува формата, туку и расположението, ви го зголемува нивото на енергија, а може да ви го подобри и сексуалниот живот.

7. Работете на пишувањето

Доколку мислите дека сте престари за да имате дневник, гледајте на тоа од друг аспект – пишувањето дневник ви помага во расчистувањето на мислите и чувстват, го намалува стресот и ви помага поефикасно да ги разрешите проблемите.

8. Љубовта го врти светот

Можеби звучи клише, но сите клишеа потекнуваат од некоја длабока вистина. Пронајдете начин да внесете повеќе љубов во животот и автоматски ќе си ја зголемите среќата.

9. Јадете зеленчук

Зеленчукот изобилува со неопходните витамини и минерали, кои ни обезбедуваат виталност и енергија. Престанете со наоѓање изговори и послужете се со зеленчук.

10 Наспијте сe!

На најголемиот дел од нас им се неопходни најмалку 8 часа сон во денот. Токму така – неопходни! Спиењето го намалува стресот, ги ублажува воспаленијата и им овозможува на оштетените клетки и ткива да се подобрат. Затоа, спиењето секогаш мора да ви биде приоритет.