- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Спиењето е природен начин за регенерација на организмот. Недоволниот сон, од друга страна, го зголемува ризикот од појава на срцеви заболувања и одредени видови рак. Доколку имате проблеми со заспивањето, пред да го побарате решението во лекарствата, обидете се со овие природни начини за полесно заспивање.
Пиењето 250 милилитри сок од вишни наутро и исто толку навечер го подобрува спиењето. Вишните се природно богати со мелатонин, состојката што предизвикува поспаност. Доколку не Ви се допаѓа сокот од вишни, а имате проблеми со спиењето, можете да изедете и една чашка свежи вишни.
Одредени видови риба и морска храна содржат висок процент на триптофан, состојка што слично како мелатонинот предизвикува поспаност. Тука се вбројуваат: ракчињата, туната, бакаларот итн. Зголемете го процентот на морската храна во диетата и за брзо време проблемите со спиењето ќе се намалат.
Веројатно многу пати сте чуле дека млекото содржи доволен процент триптофан за да Ви помогне да заспиете. Но, трикот е во правилната комбинација на јаглехидрати со протеини, за да му овозможите на организмот да ја искористи супстанцата на правилен начин. Обидете се со една чашка интегрални житарки и нискомасно млеко, на еден час пред предвиденото време за легнување.
Направете си чај од жалфија. Нацрпете 4 супени лажици жалфија и турете ги во чаша за чај. Попарете ги со жешка вода. Оставете ја течноста да се излади, исцедете ја, а потоа загрејте ја пред пиење. Доколку не Ви се допаѓа вкусот на овој чај, секогаш можете да се обиедете со чај од камилица којшто има слично дејство.