КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Полноќни ужинки што ќе ви помогнат да заспиете

Полноќ е, а вам ви се јаде сендвич со салама и кашкавал. Но, вие сте личност што се грижи за своето здравје, внимава што јаде и згора на тоа сакате да заспиете откако ќе го задоволите гладот. Затоа, посегнете по некоја од алтернативните ужинки, кои потоа ќе ве успијат како бебе.

Полноќ е, а вам ви се јаде сендвич со салама и кашкавал. Но, вие сте личност што се грижи за своето здравје, внимава што јаде и згора на тоа сакате да заспиете откако ќе го задоволите гладот. Затоа, посегнете по некоја од алтернативните ужинки, кои потоа ќе ве успијат како бебе. Овес

Кога во телото внесувате јаглехидрати се излачува серотонин, хормон што го смирува мозокот и ве подготвува за навлегување во фазата на сонот. Совршена ужинка за пред спиење е една шолја овесни снегулки со млеко. Сок од вишни

Во една студија од 2011 година било откриено дека пиењето две чаши сок од вишни (една пред спиење и една непосредно по будењето) го зголемува присуството на мелатонин во организмот и ги подобрува квалитетот и должината на спиењето. Исто така, овој сок помага при опоравување од напорни вежби. Топло млеко

Млекото содржи амино-киселина наречена триптофан, која е директно поврзана со спиењето, но тоа не е најважната причина зошто треба да се напиете чаша млеко пред спиење. Млекото всушност содржи протеини, што пак ја отежнува апсорпцијата на триптофанот во мозокот. Ефектот на млекото е повеќе психолошки – тоа е храната која прва сте ја добивале во животот, во времето кога сте цицале, по што секогаш сте заспивале. Јаткасти плодови

Јаткастите плодови содржат магнезиум, кој го смирува мозокот и го подобрува спиењето. Една порција бадеми е одличен избор за пред спиење. Просечно, во една порција има 22 бадеми, што значи дека и гладот ќе биде задоволен. Нискомасен кашкавал

Калциумот функционира слично како и магнезиумот, помагајќи ви полесно да заспиете. Нутриционистите препорачуваат внесување на приближно 50 грама нискомасно сирење со десет интегрални крекери или пак нискомасна павлака, обична или пак со овошен вкус.