КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Помалку сон, повеќе калории

Истражвуање по истражување, научниците стануваат едногласни – колку повеќе скусувате од сонот, толку повеќе потешкотии ќе имате да се справите со нападите на глад и кумулативно, ќе внесете многу повеќе калории.

Кога го скусувате сонот, ги напластувате калориите

Истражвуање по истражување, научниците стануваат едногласни – колку повеќе скусувате од сонот, толку повеќе потешкотии ќе имате да се справите со нападите на глад и кумулативно, ќе внесете многу повеќе калории. Според проценките, помеѓу 20 и 30 проценти од светското население се соочува со хронични проблеми со спиењето и нарушување на сонот. Според последните истражувања, кај најголем дел од нив се забележуваат тенденции на зголемување на телесната тежина. Причините биле откриени во едно истражвуање во САД, направено врз испитанички од четвртата и петтата деценија од животот, со нормална телесна тежина. Испитаничките два пати по пет дена престојувале во центар за истражување. Во текот на првите пет дена им било дозволено да спијат по девет часа секој ден, но за време на вториот престој не смееле да спијат подолго од четири часа дневно. Во двата случаја, сите испитанички биле на строг режим на исхрана во првите четири  дена, додека во петтиот ден им било дозволено да јадат оброци по желба, во неограничени количини. Резултатите потврдиле дека без разлика колку спиеле, испитаничките внесувале по 2.600 калории дневно. Но, во делот од истражувањето кога сонот бил ограничен, во петтиот ден, просечно внесувале по 300 калории повеќе од петтиот ден од првото истражување. Кога испитаничките биле добро одморени во петтиот ден просечно внесувале по 2.500 калории, а кога биле ненаспани по просечно 2.800 калории. Најверодостојното објаснување што научниците го извлекле од ова истражување е дека сонот има директна улога во регулацијата на хормоните што го регулираат гладот и потребата од одредени видови храна. Друго валидно објаснување е дека уморните луѓе имаат намалена моќ за правилно расудување и поради тоа, во многу поголема мера се препуштаат на своите желби. Научниот тим на крајот од студијата донел препорака според која квалитетното спиење треба да биде прв здравствен приоритет, бидејќи нарушувањето на сонот може да го зголеми ризикот од појава на повеќе здравствени заболувања, особено оние предизвикани од лошата исхрана – кардиоваскуларните заболувања и дијабетесот.