- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Празниците се одлична шанса за опуштање, вистинско време за себе и за најблиските, можност да го забавиме хаотичниот животен стил, макар за миг. Сепак, најчесто успеваме да го направиме токму спротивното...
Ако сакате да ги поминете празниците со многу помалку стрес, тогаш треба само да ги следите овие едноставни совети.
Празниците ќе ги поминете без последици за вашите нерви единствено ако добро се организирате. Подгответе сѐ што ви е потребно пред да започнат празниците. Направете прецизни планови за роднините што ќе ве посетат, прилагодете го мените според нивната исхрана и не чекајте до последен миг да ги испратите честитките.
Ако ги завршите обврските пред празниците и го дочекате периодот подготвени, ќе ви преостане само да уживате во времето поминато со најблиските. Можеби ќе треба да надминете одредени мали кризи, но тие секако мора да се појават.
Децата подготвуваат список со желби за Дедо Мраз. И вие треба да подготвите свој список. Ако сте свесни за обврските што ве очекуваат, ќе ви биде многу полесно да се справите со нив: што точно треба да купите, кои задачи треба да ги завршите, кој треба да ве посети и кого треба да посетите... Организираноста навистина ќе ви помогне полесно да се справите со бројните обврски.
Нема ништо полошо отколку купување кога продавниците се преплавени со потрошувачи. А некако, сите заглавуваме во таква ситуација, непосредно пред Нова година. Затоа, оваа година отидете на купување порано. Секако, ќе ви останат ситници кои ќе мора да ги купите непосредно пред празниците, како намирниците за свечената вечера за Нова година, но поголемите нешта можете да ги купите и неколку седмици порано, кога нема гужви по продавниците.
Иако овој начин на купување сѐ уште не е популарен кај нас, постојат сајтови кои ви гарантираат безбедност при купувањето, со потполна заштита на податоците (dormeo.com.mk, topshop.com.mk итн.). Искористите ги овие погодности и скратете дел од бесцелното шетање по продавниците. Изберете подароци од каталогот и купете ги од удобноста на својот дом.
Нема потреба да се преоптоварувате себеси или да се натпреварувате со роднините или пријателите кој ќе приготви поекстравагантна вечера за празниците. Нека биде едноставно: - Приготвее едноставен и вкусен оброк, кој нема да ви одземе премногу време. Не се измачувајте со егзотични експерименти – класичните оброци се она што најдобро поминува на вечерите. - За десерт, купете нешто од слаткарница или пак ако сакате да приготвите десерт, направете едноставна торта или ролат. -Не се преоптоварувајте со готвење за гостите кои ви се најавиле. Секако, треба да им понудите нешто, но тоа може да биде и едно кафе, сок, грицки и колачиња. Запомнете – празниците се време за најблиските, а не за да бидете затворени во кујната со денови!
Веројатно при самото спомнување на зборот традиција ве полазуваат морници, бидејќи веднаш помислувате на една дополнителна обврска. Но, не мора да биде така. Многу лесно можете да ги споите убавото и корисното и да го искористите своето семејство за завршување на дел од обврските. На пример, започнете традиција на декорација на елката заедно со децата. Тие ќе уживаат во тоа, а вам ќе ви се скрати времето за украсување, со што ќе ви остане малку повеќе за себе.