КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Како да ги симнете последните 5 килограми

Дали размислувате да се предадете? Доволно сте ја намалиле телесната тежина, но полека вагата заглавила на еден број и веќе не се симнува... Можеби сте поблиску до целната тежина отколку што мислите!

Дали размислувате да се предадете? Доволно сте ја намалиле телесната тежина, но полека вагата заглавила на еден број и веќе не се симнува... Можеби сте поблиску до целната тежина отколку што мислите!

Кога слабеењето забавува

Првите неколку килограми вишок се симнуваат релативно лесно. Тоа во најголема мера се должи на намалувањето на вишокот течности во телото, но кога ќе стигнете до последните 5 килограми, приказната станува поинаква. Можете да се обидете 100 пати и секогаш да заглавите во истата точка.

Дали вагата е заглавена?

Човечкиот организам има вграден механизам против прегладнување. Кога внесот на калории е понизок од потрошувачката, започнува цела серија метаболички процеси насочени кон зачувување на енергијата. Па така, колку повеќе слабеете, енергијата се искористува многу поефикасно и телото го задржува секој грам што може да го задржи.

Не се фиксирајте на бројот

Прво нешто што треба да направите е повторно да ја разгледате зацртаната цел. Можеби не треба да намалите толку килограми колку што сте мислеле. Наместо да целите кон најниската можна тежина, можеби треба да се фокусирате на најниската тежина што можете да ја менаџирате до крајот на животот. Исто така, треба да погледнете каде се напластени масните наслаги. Ако се наоѓаат во пределот на стомакот, програмата за слабеење треба да продолжи, бидејќи абдоменалните масни наслаги претставуваат огромен здравствен ризик, почнувајќи од дијабетес, па сѐ до рак на дојката. Но, ако тие се наоѓааат во колковите и задникот и индексот на масни наслаги е во нормалните парамтери, нема потреба веќе да се измачувате. Дури е возможно да се вклучат одбранбените механизми на телото и да ви стане уште потешко да ги мобилизирате целните масни наслаги.

Како да ја помрднете вагата

Ако сте решени да ги симнете последните 5 килограми, тогаш треба да го смените пристапот кон слабеењето, со следниве неколку корисни совети:

-Преиспитајте ја диетата. Во текот на програмите за слабеење, како што килограмите се намалуваат, постепено се опуштаме со исхраната. Запишете сѐ што планирате да изедете во текот на денот и потоа пречкртувајте ги нештата што сте ги изеле. Така повторно ќе воспоставите контрола врз ситуацијата. -Намалете 100 калории од дневниот внес. Можеби ќе биде потребно да намалите дополнителни калории, бидејќи колку сте послаби, толку помалку калории ви се потребни за нормално функционирање. Кога слабеете, мора постепено да го снижувате внесот на калории. -Согорувајте повеќе калории. Решението не мора да биде во подолгите тренинзи. Можеби клучот е во различните тренинзи со кои се согоруваат повеќе калории или кои активираат други мускулни групи, имаат различна брзина или интензитет или пак, вежбајте со интервали.