КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Постојаните кошмари можат да навестат болест

Не само што преку соништата Вашата потсвест Ви навестува одредени нешта, туку светот на соништата може да биде и показател за развој на одредени болести. Доколку подолго време страдате од нарушена РЕМ фаза, можеби е време да се консултирате со матичниот лекар.

Не само што преку соништата Вашата потсвест Ви навестува одредени нешта, туку светот на соништата може да биде и показател за развој на одредени болести. Доколку подолго време страдате од нарушена РЕМ фаза, можеби е време да се консултирате со матичниот лекар. Според најновите медицински истражувања, луѓето коишто викаат и стенкаат во текот на сонот имаат поголема склоност за развивање Паркинсонова болест од оние што мирно спијат.

Ова е заклучено откако се утврдило дека наглите движења на телото, предизвикани од попречувањето на нормалната РЕМ фаза и зачестените кошмари, во голема мера се должат да подложноста на пациентите на различни форми на губење на меморијата.  РЕМ фазата е оној дел од спиењето кога сонуваме.

Попречувањето на оваа фаза може да биде индикатор за здравствен проблем во зачеток. Луѓето кои спијат нормално, во текот на РЕМ фазата се речиси парализирани, бидејќи мозокот во тој период ја намалува активната контрола врз мускулите до апсолутниот минимум, за да може да ги одмори нив, но и самиот да добие одмор. Лицата со нарушена РЕМ фаза многу често се соочуваат со ненадејни и отсечни движења во текот на спиењето. Паркинсоновата болест е идиопатско нарушување на средниот дел од нервниот систем што се карактеризира со бавност и ограниченост на движењата, треперење на мускулите во состојба на мирување и неможност да се стабилизира телото. Со оваа болест е зафатено преку еден процент од вкупното светско население на возраст над 65 години, но сè почесто се појавува и кај многу помлади пациенти. Болните од Паркинсонова болест патат од недостиг на хемикалијата допамин, поради изумирањето на мозочните клетки. Допаминот игра клучна улога во регулација на повеќе функции, вклучително и на сонот. Без него, движењата полека забавувааат, лицата се сè почесто збунети и започнуваат да го губат помнењето.