КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Поврзаноста помеѓу вежбањето и спиењето

Сите знаеме колку е важно добро да се наспиеме за да станеме одморени и во добро расположение. Но, дали сте знаеле дека добриот сон е директно поврзан со здравата телесна тежина и квалитетот на тренинзите?

Сите знаеме колку е важно добро да се наспиеме за да станеме одморени и во добро расположение. Но, дали сте знаеле дека добриот сон е директно поврзан со здравата телесна тежина и квалитетот на тренинзите?

1. Добро наспијте се пред вежбање

Пред да се зафатите со тренинг со тегови мора да си обезбедите помеѓу 6 и 8 часови сон за да сте сигурни дека мускулите ќе бидат доволно одморени и релаксирани за престојниот напор. Истото важи и за напорните кардио тренинзи.

2. Не се лишувајте од сон

Ако на подолг период си скусувате од сонот, тоа може да доведе до забавување на метаболизацијата на глукозата, изворот на енергија за мозокот, за 30 или дури и 40 проценти. Поради ова, недостигот од сон не само што може да има влијание врз квалитетот на тренингот и нивотот на мотивација, туку може да доведе и до потенцијални несреќи и повреди, заради забавената реакција и намалената концентрација.

3. Вежбајте напорно – спијте добро!

Интензивните тренинзи и недостигот од сон не одат најдобро во комбинација, затоа што кога спиете, телото работи на опоравување на мускулното ткиво кое било под стрес за време на вежбите. Колку поинтензивно сте вежбале, толку повеќе Ви е потребно да се опоравите. Доколку не му го овозможите ова на телото, станувате поподложни на повреди и хроничен замор.

4. Имате проблеми со заспивањето?

Обидете се со интензивен тренинг на почетокот од денот – трчајте, возете велосипед или пак направете комплетен тренинг во теретана со максимален интензитет. Ова ќе доведе до заморување на мускулите, што ќе предизвика зголемено излачување допамин – хормонот кој предизвикува поспаност.

5. Прекумерната телесна тежина и спиењето се поврзани

Истражувањата покажаа дека луѓето кои спијат помалку од седум до девет часа на ден имаат 75 проценти поголеми шанси да имаат прекумерна телесна тежина. Ова е во склад со претходните истражувања кои пронајдоа директна врска помеѓу недостигот на сон и нивоата на хормонот што предизвикува глад и намалените нивоа на хормонот што дава чувство на ситост. Доколку спиењето се скусува на подолг период, тоа ќе доведе до забавување на метаболизмот и постепено зголемување на телесната тежина.