КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Најчесто поставувани прашања за душеци

Сите сме понекогаш изгубени кога станува збор за купување на нов душек – сепак е нешто што не го правиме многу често. Одбирање на вистинскиот душек кој ќе одговара на нашите потреби и навики е многу поважно отколку што мислите. Едноставно запомнете дека ние поминуваме речиси една третина од нашиот живот спиејќи, па затоа треба да одберете душек кој ќе ве служи подолго време.

Сите сме понекогаш изгубени кога станува збор за купување на нов душек – сепак е нешто што не го правиме многу често. Одбирање на вистинскиот душек кој ќе одговара на нашите потреби и навики е многу поважно отколку што мислите. Едноставно запомнете дека ние поминуваме речиси една третина од нашиот живот спиејќи, па затоа треба да одберете душек кој ќе ве служи подолго време.

Ако сте изморени од тоа да се будите со вкочанет врат и уморни сте од фактот дека кога се будите сте повеќе изморени од кога сте легнале, можеби е време конечно да го смените душекот – а со вистинските информации целиот процес ќе биде едноставен.

Прашање: колку често треба да го менувам душекот?

  • Дали имате проблеми со спиењето?
  • Дали се будите поуморни и сонливи од што бевте пред да си легнете?
  • Дали често се будите со вкочанет врат и болки во грбот?
  • Дали често кашлате и кивате во текот на ноќта?

Одговор: Ако одговорот на некое од прашањата беше позитивен, тогаш време е да го смените душекот.

Просечниот век на душекот е помеѓу осум до десет години.

Ако душекот на кој спиете во моментов е постар од осум години, тогаш дефинитивно е време да го смените. Ако мислите дека вашиот душек може да „си ја врши работата“ повеќе од десет години, направете кратка пресметка и можеби ќе го смените мислењето.

30,000 часа користење

Ако поминувате само осум часа дневно во вашиот кревет (но најверојатно поминувате повеќе затоа што исто така во него се одмарате, гледате ТВ, читате и сл.), вие поминувате 3000 часа годишно во кревет. За десет години тоа се 30.000 часа користење.

Дали сепак не сте убедени дека треба да го смените душекот?

Прашање: како да знам кога е вистинското време да го сменам душекот?

Одговор: просечниот век на вашиот душекот е помеѓу осум до десет години, но во некои случаи душекот мора почесто да се менува. Иако вашиот душек не изгледа старо, вие сепак имате одредени проблеми поврзани со спиењето, менувањето на вашиот душек сепак е добра идеја.

Секако дека новиот душек може да има повисока цена, но квалитетот на спиењето е бесценет. Ако не се чувствувате одморено во вашиот кревет, ако не се разбудите наспани, одморени и подмладени, тогаш можеби е време да инвестирате во вашето здравје.

Споредете го квалитетот на сонот кога спиете на вашиот душек и на друг душек

Ова е добар трик кој може да ви помогне да одлучите дали ви треба нов душек. Ако се уверите дека квалитетот на спиењето е многу подобар кога спиете во хотел, кај вашите пријатели или пак кога спиете на каучот, тогаш дефинитивно нешто не е во ред со вашиот душек.

Добро погледнете го

  • Дали има нерамнини и дупки?
  • Дали пропаѓате во длабока дупка секогаш кога ќе легнете?
  • Дали душекот изгледа старо и изветвено?
  • Дали остава отпечатоци на вашето тело?

Сите овие знаци покажуваат дека ви треба нов душек.

Прашање: колку пари треба да потрошам на новиот душек?

Одговор: ова најчесто зависи од тоа колку може да си дозволите да потрошите, но запомнете дека цената не е секогаш гаранција за квалитетот на душекот. Сепак, ако го купите најевтиниот душек на пазарот, тогаш веројатно нема да го подобрите квалитетот на спиењето и нема да помине долго време кога ќе треба повторно да го замените.

Квалитетот на сонот може драстично да го подобри или влоши квалитетот на вашиот живот

Вашиот душек има многу важна улога во ова

  • Колку за вас е важен добриот сон?
  • Колку многу ја мразите болката во вратот и грбот?
  • Колку е важно за вас да се чувствувате добро?
  • Дали некогаш сте се запрашале дали подобро ќе функционирате на работа и дома ако не бевте постојано уморни?

Откако ќе одговорите на овие прашања, трошењето голема сума на пари за добар душек нема да звучи како луда идеја нели?

Купете го најдобриот душек кој можете да си го дозволите – сигурно нема да зажалите

Прашање: како да се одлучам?

Одговор: најважното нешто е да одвоите доволно време. Душекот ќе биде многу важен, па затоа не го одбирајте првиот што ќе го видите.

  • Одлична идеја е да одвоите цел ден и да одите во специјализирана продавница и да пробате повеќе душеци.
  • Облечете нешто удобно и легнете на неколку душеци.
  • Не срамете се – легнете на душекот и не станувајте веднаш – лежете на него, на тој начин навистина ќе го тестирате и ќе видите дали е тоа вистинскиот душек за вас.

100% вистинска одлука

Дормео душеците имаат тест период. Ако не сте задоволни со вашиот душек можете да го вратите во рок од 30 дена и ние во целост ќе ви ги вратиме парите. Без дополнителни прашања.

Дали купувате душек со двојна димензија?

Тогаш дефинитивно треба двајцата да го пробате душекот. Одвојте доволно време и размислете за вашиот избор – тоа е важна одлука која ќе има голема влијание во вашиот живот.

Ако имате различни желби и побарувања кога станува збор за цврстината на душекот, тогаш дефинитивно треба да размислите за Дормео иМемори душекот. Двојните димензии се направени од две јадра во една навлака, па така секој од вас ќе ја одбере посакуваната цврстина. Кога го купувате овој душек секогаш го правите вистинскиот избор.