- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Спиењето е клучно за доброто здравје. Но, исто така важна е и правилната исхрана. Нутриционистите препорачуваат да се промени режимот на исхрана, доколку имате проблеми со спиењето.
Прескокнувањето оброци на прв поглед можеби Ви се чини како најлесниот начин за скусување калории од вкупниот дневен внес и следствено на тоа – намалување на телесната тежина. Но, обично на крајот од денот се случува добро да се најадете и да надоместите за прескокнатото. Од една страна нередовните оброци можат да предизвикаат нарушување на хормоналната рамнотежа, а од друга, доцните обилни оброци го влошуваат проблемот преку стимулација на организмот, наместо негово смирување пред спиење.
Телото ја искористува енергијата во текот на спиењето, па штом ќе се разбудите Ви е потребна нова енергија. Никогаш не го прескокнувајте појдаокот и секогаш трудете се да имате храна богата со протеини, за енергијата од оброкот да трае подолго. Дополнително, внесувањето помали количини храна на секои 2 до 3 часа го одржува нивото на хормони и невротрансмитери на правилното ниво, што на крајот од денот ќе Ви помогне полесно да заспиете.
Кога вкупниот дневен внес на калории паѓа под 1.200, во телото се јавува недостиг од клучните хранливи материи, што може да има силно влијание врз квалитетот на спиењето. На пример, може да дојде до грчење на мускулите во текот на ноќта или при посериозен недостиг на фолна киселина и до појава на несоница. Исто така, анорексичните луѓе кои имаат исхрана со исклучително мала енергетска вредност минуваат многу покусо време во фазата од сонот која е клучна за поправка и опоравување на мускулите.
Направете баланс во исхраната, внимателно одбирајќи храна богата со: витамини од Б-комплексот, калциум и цинк. Калциум и цинк се природни релаксанти, додека витаминот Б6 му дава сигнал на организмот да започне со излачување на хормонот за смирување, серотонин.