КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Предолгото спиење е штетно за здравјето

Сигурно до сега многу пати сте ги почувствувале негативните последици од прекусиот сон. Но, дали сте знаеле дека и предолгото спиење може да биде подеднакво лошо? Прочитајте зошто.

Сигурно до сега многу пати сте ги почувствувале негативните последици од прекусиот сон. Но, дали сте знаеле дека и предолгото спиење може да биде подеднакво лошо? Прочитајте зошто. Кога станува збор за оптималното време за спиење, најрелевантните податоци доаѓаат од најголемата лонгитудална студија на оваа тема која била направена во Америка, која траела 10 години и во која биле следени навиките на спиење на преку еден милион луѓе, на возраст помеѓу 30 и 104 години. Според заклучоците од оваа студија која завршила пред десетина години, просечното оптимално времетраење на ноќното спиење било од 6,5 до 7,5 часа. Можеби најинтересен е заклучокот кој вели дека ризикот за прерана смрт бил подеднаков и кај оние што спиеле 8 часови или повеќе и кај оние кои спиеле по само 4 часа во една ноќ. Голем број од испитаниците имале проблеми поради прелесниот сон, но речиси сите кои пријавиле здравствени проблеми (околу 90 проценти) се наоѓале во онаа група која спиела по 8 или повеќе часови. Кон овие податоци се надоврзуваат и оние од една неодамнешно завршена студија во Шведска која ги разгледувала ефектите од здравиот сон кај средовечните луѓе во корелација со доброто здравје во длабоката старост. Повторно било заклучено дека оптималното времетраење на ноќното спиење е околу 7 часа. Но, не само здравствените проблеми кај голем број луѓе водат кон нарушување на сонот, туку и нарушениот сон потоа може да предизвика низа нови здравствени проблеми, меѓу кои и депресија, кардиоваскуларни заболувања, дијабетес итн. Оттаму, станува јасно колку навистина е важен квалитетниот сон.