- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Промената која ја прегрнуваме денес е промената на душекот. Многу луѓе премногу се држат до него, бидејќи или се емотивно поврзани за него или бидејќи не знаат дека е дојдено времето за промена. Некои дури и не знаат колку голем дел од секојдневните проблеми се предизвикани од стариот душек.
Ние во Dormeo, знаеме дека понекогаш, приврзаноста кон нешто може да биде полоша од пуштањето. Еве ги причините поради кои вашиот сон и животот треба да се променат и зошто, треба да го промените вашиот стар душек со нов. Полесно ќе ја прифатите промената, ако ги знаете причините зошто таа е неопходна.
1. Ако гледате, тогаш треба и да верувате. Ако вашиот душек има видливи знаци на дотраеност, време е да се ослободите од него. Еве на што да внимавате:
-пропаѓање на краевите или на средината,
-можете да ги видите отпечатоците од вашето тело на него, на пример, има вдлабнатина на местото каде што се наоѓа вашето колено додека спиете,
-грутки, без разлика дали се големи или мали,
-асиметричност, ако едната страна е пониска, повисока, помека, поцврста, помазна или со грутки.
2. Луѓето заспиваат со различна брзина, некои само легнуваат и веќе се во земјата на соништата, додека на други им се потребни неколку минути за да заспијат. И двата случаи се нормални. Но, ако ви е потребно многу време за да заспиете и тоа се случува секоја вечер, тогаш тоа дефинитивно не е нормално. Вашиот душек треба да биде рај каде што телото и духот брзо ќе се смират. Општа рамка за прифатливо време за заспивање е од 10 до 20 минути.
3. Ако се будите со болки или вкочанетост во мускулите, а не сте вежбале претходниот ден, тогаш виновникот може да биде вашиот стар душек. Квалитетен душек нуди поддршка за телото за време на спиењето, па затоа, болките се знак дека душекот не си ја врши работата. Вкочанет врат, болки во половината, боцкање во вратот и рамената, сите овие се знаци дека душекот буквално ве повредува. Особено, ако болката се намалува или исчезнува во текот на денот и повторно се враќа наутро. Понекогаш. Болката може да е предизвикани и од несоодветна перница, па можете прво да пробате да ја замените перницата.
4. Овие причини се прилично очигледно, но, многу луѓе одбиваат да поверуваат во нив. Квалитетниот сон прави да се разбудиме одморени. Но, многумина бараат изговори зошто не спијат добро, како проблемите на работа или стрес или лоши соништа. Секако, не велиме дека овие работи не влијаат, туку дека почесто, причината се наоѓа на друго место. Во вашиот стар душек без поддршка. Почнете со пишување на дневник секое утро за да сфатите што навистина се случува. Дали се будите и превртувате во текот на ноќта? Дали се будите изморени и зашеметени? Можеби не треба да ја промените работата, само стариот и неудобен душек.
5. На здравје! Дали знаевте дека кивањето може да биде предизвикано од вашиот душек? Бидејќи вие не сте единствените кои спијат на него. Милиони прашински грини и други алергени, исто така го обожаваат. Ако забележите нови алергии или влошување на постоечките алергии или астмата, најверојатно спиете со непријателите и време е да се спријателите со нов душек.
6. Спиењето заедно е една од најдобрите работи во светот. Или не е? Дали го чувствувате вашиот партнер како се превртува во текот на ноќта и тоа предизвикува да изгубите скапоцено време за спиење. И пред да се сфатите, или вие или вашиот партнер ќе се исели и ќе спие на каучот во дневната. Знајте го ова, без разлика колку вашиот партнер се движи во текот на ноќта, не треба да ги чувствувате неговите движења. Ако ги чувствувате, тоа е знак дека вашиот душек ја изгубил способноста да го намалува трансферот на движења и ви предизвикува несони ноќи.
7. Можете да се навикнете на вашиот душек, нели. Па, и вашиот душек се навикна на вас и на вашата положба на спиење. Но, што се случува кога ќе ја смените? Душекот кој во одреден период ви одговарал, веќе не може да одговори на вашите потреби. Или ако сте ослабнале или ако наеднаш имате нов партнер за спиење. Кога вашиот душек треба да понуди поддршка за поголема тежина од претходно, ќе започнете да забележувате дека тој станува сè помалку удобен.
8. Бремените жени, често, имаат потреба да набават нов душек во домот пред да го добијат своето бебе, бидејќи нивното тело и положбите на спиење се менуваат за време и по бременоста.
9. Следнава е прилично интересна. Ако забележите дека спиете подобро додека престојувате во хотел, гостинска соба или на посета кај родителите отколку дома, вашиот душек ви дава знак. Потребен ви е најквалитетен сон дома, во вашиот кревет, каде што поминувате една третина од животот.
10. Некои стари душеци се многу добри во прикривање на нивните маани. Можеби немате проблеми додека спиете на вашиот душек. Или барем така мислите. Затоа, еве една последна, но не најмалку важна причина зошто треба да го замените вашиот душек: истиот е постар од десет години. Ова е нивниот просечен рок на траење и дури ако душекот изгледа добро, верувај ни, не е. По седум години, тие почнуваат да ја губат поддршката и стануваат дом на прашински грини и други алергени. Едноставно, нивното време е истечено.
Промената може да биде убава работа. Особено, ако го замените вашиот стар и неудобен душек полн со прашински грини. Може да го промените спиењето, здравјето и животот... прегрнете ја промената!