- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Сите знаеме дека несоницата и недостатокот на сон може да имаат сериозни негативни ефекти – но малкумина знаат дека премногу спиење исто така може да создаде проблеми. Спиењето се смета за многу здрава активност, кој е од големо значење за човечкиот организам. Но исто како и другите работи во животот, спиењето треба да е умерено, бидејќи премногу спиење може сериозно да ви наштети.

Истражувањата покажуваат дека премногу или премалку сон може да создаде ризик за појава на дијабетес.
Премногу или премалку сон може да има последици кои ќе му наштетат на вашето тело. Иако се храните здраво и вежбате, ако премногу спиете може да имате проблеми со килограмите. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои спијат 9 или 10 часа имаат поголеми шанси да имаат прекумерна телесна тежина во временски период од 6 години, за разлика од оние кои спијат 7-8 часа.
Ако сте склони кон главоболки, долгото спиење може да биде она што ја создава. Ова многу брзо може да се забележи, ако за време на викендот спиете многу долго, лесно може да имате силна главоболка.
Болките во грбот можеби не се директна последица од спиењето, но се директна последица од долгото лежење во кревет. Вашиот грб има потреба од некоја физичка активност, па затоа не му правите услуга ако премногу спиете.
Ако премногу спиете тоа може да биде резултат на депресија, депресијата може да биде резултат на премногу спиење. Станува збор за магичен круг: депресијата ве тера да спиете подолго, а сепак премногу спиење на крајот ќе ви ја влоши состојбата. Нормална навика за спиење е првиот чекор кон третирање на таквото менување на расположението, па затоа потрудете се да имате нормална навика за спиење.
Истражувањата покажуваат дека над 72,000 жени кои спијат 9-11 часа секоја ноќ имаат 38% зголемени шанси за да развијат некоја срцева болест, за разлика од жените кои во просек спијат 8 часа. Причината за ова не е целосно откриена, но според научниците поврзаноста е очигледна.