- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Дали сте и вие помеѓу тие 70% од луѓето кои не можат да заспијат затоа што чувствуваат напнатост во грбот, најверојатно во долниот дел? Колку и да е тоа резултат на вашиот животен стил или здравствен проблем, не треба да страдате во тишина и да се надевате дека ќе исчезне.
Размислете кога чувствувате болка во грбот. Дали е присутна во текот на денот или само кога ќе легнете да спиете? Или се јавува наутро при станување? Ако тоа е поврзано со вашиот сон, тогаш вашето решение е прилично лесно. Ако не е, следните совети може да ви помогнат да ја ублажите болката.
Иако ова може да звучи навистина тешко да се определи, всушност навистина не е. Мора да ја земете во предвид вашата положба на спиење, телесната тежина и ширината на вашите рамена и колкови, особено ако спиете на страна. Кога вашето тело е несоодветно поставено и имате чувство дека тонете премногу длабоко, веројатно спиете на душек кој е премногу мек за вас или веќе е стар, полн со грутки и нерамнини, па треба да се замени. Во секој случај, вашето тело не е соодветно поддржано.
Ако купувањето нов душек не ви е опција во овој момент, може да го подобрите спиењето со ставање поцврст над-душек или со прилагодување на цврстината на летвичките на креветот. Сепак, имајте на ум дека ова решение е само привремено. Ако имате премногу цврст душек, имате среќа бидејќи горните слоеви на над-душеците се направени од мемори пена или други флексибилни материјали, па можат да го намалат несаканиот притисок врз вашето тело. Така не само што вашите мускули и зглобови ќе се релаксираат, туку и ќе имате подобра шанса да го поставите вашиот 'рбет во правилна позиција.
Кога станува збор за спиењето, од клучно значење е да сме свесни за положбата во која спиеме. Не грижете се ако се вртите во текот на ноќта бидејќи тоа е сосема нормално. Но, внимавајте во која положба е вашето тело, кога будењето се случува поради несакана болка.
Во текот на денот го оптоваруваме нашето тело на многу начини – или премногу седиме или премногу стоиме, трчаме да завршиме безброј обврски, креваме тешки предмети, односно претеруваме со физичка активност и затоа не треба да заборавиме да се грижиме за нашето држење и да правиме паузи помеѓу активностите. Одвојте 15 минути дневно за да му дадете на вашето тело можност да зајакне и да се опушти.