- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Никој не сака одненадеж да се разбуди од длабок сон, особено кога тоа што ве буди е нешто страшно и вознемирувачко. Лошите соништа или уште полошо – кошмарите, не само што иритираат, туку можат да го нарушат нормалниот циклус на спиење, а понекогаш и животот. Ова се најчестите причини за појавата на кошмари.
Никој не сака одненадеж да се разбуди од длабок сон, особено кога тоа што ве буди е нешто страшно и вознемирувачко. Лошите соништа или уште полошо – кошмарите, не само што иритираат, туку можат да го нарушат нормалниот циклус на спиење, а понекогаш и животот. Ова се најчестите причини за појавата на кошмари.
Анксиозноста и стресот, најчесто како последица на некој трауматичен настан во животот, понекогаш можат да предизвикаат многу лоши соништа, па дури и кошмари што се повторуваат. Но, не сите предизвикувачи на кошмари се поврзани со трауми. Секојдневните причини за стрес, како што се проблемите со работата, финансиите, врските и сл., исто така може да предизвикаат кошмари.
Видот на храната и терминот во којшто ја јадеме може значително да влијае на спиењето и соништата. Презачинетата храна, особено доколку имате чувствителен желудник, може да го наруши нормалното спиење, а во одредени случаи да предизвика и графички кошмари.
Иако ова не е дефинитивно, постојат одредени показатели дека храната со висок процент на масти, што се консумира во текот на денот, ги зголемува шансите за нарушување на квалитетниот сон во текот на ноќта. Според посочената студија, нормалниот циклус на спиење најмногу страда од брзата храна.
Иако алкохолот е депресант, што ќе ви помогне побргу да заспиете во мигот кога дејството е најсилно, штом ефектите ќе започнат да се губат, тоа може да предизвика прерано будење. Претераното консумирање, исто така, може да доведе до кошмари и лошо спиење.
Болестите кои предизвикуваат треска, како што е грипот, може често да предизвикаат кошмари.