КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Топ 3 причини зошто треба да ја смените перницата

Дали се будите со болки во грбот, главата, мускулите или имате вкочанет врат? Време е да ја погледнете перницата на која спиете. Просечниот човек поминува седум до осум часа на својата перница.

Треба да ја менувате перницата како што ја менувате четката за заби

Дали се будите со болки во грбот, главата, мускулите или имате вкочанет врат? Време е да ја погледнете перницата на која спиете. Просечниот човек поминува седум до осум часа на својата перница.

Многу е важно да знаете кога е вистинското време да ја смените перницата бидејќи тоа позитивно ќе влијае на вашето здравје и вашиот сон.

Главни причини зошто треба да ја смените вашата перница

1. Алергии

Најновите истражувања покажуваат дека вашата омилена перница е целосен еко-систем од разни инсекти и габи кои потенцијално може да влијаат на вашето здравје. Истражувачите истакнуваат дека обична перница содржи повеќе од еден милион габични спори. Има неколку илјадници спори во еден грам ткаенина. Други истражувања покажуваат дека перниците како и други постелнини собираат прашина и грини кои се хранат со мртва кожа. Уште едно истражување од 2000 година покажа дека повеќе од 22 милиони домаќинства во САД имаат огромна концентрација на алергени во својот кревет кои се причина за симптоми на астма.

2. Поддршка и квалитет на перницата

Просечниот човек поминува повеќе од 7 часа дневно во спиење, положбата на вратот и главата за време на тие часови може да има огромно влијание на ‘рбетот, мускулите и положбата на главата. Сигурно не сакате да седите постојано со свиткана глава? Зошто главата да не ви биде во соодветна положба во текот на спиењето?

Перниците со тек на време се деформираат. Полнењето со пена започнува да се рони, а како резултат на тоа поддршката на главата ќе се намали. Ако перницата треба да се тресе за да може да се пополни некоја дупка во перницата , тогаш е време да ја замените. Ние ви претставуваме дополнителен тест за да проверите дали перницата е стара – треба само да ја свиткате перницата. Ако перницата остане во таа положба  или и треба многу време за да се врати во првата положба тогаш таа е стара. Перницата не ги има истите карактеристики како тогаш кога ја купивте. Ако остане свиткана тогаш веднаш треба да ја замените со нова. Ако се будите во текот на ноќта за да ја прилагодите и наместите перницата тогаш вашето тело се обидува нешто да ви каже. Перницата на која спиете не ви овозможува мирен и удобен сон. Време е да ја замените со нова.