- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Есента е време кога децата повторно се на училиште, сите се вратени од одморите и повторно се на своите работни места, а сета таа раздвиженост значително придонесува за раширување на вирусот на настинка. Справете се со неа со дел од природните лекови.
Есента е време кога децата повторно се на училиште, сите се вратени од одморите и повторно се на своите работни места, а сета таа раздвиженост значително придонесува за раширување на вирусот на настинка. Справете се со неа со дел од природните лекови.
Вдишувањето на пареата во тушот, наведнувањето над тенџере со зовриена вода или пак ставање на загреана крпа на лицето го олеснува дишењето, а топлината на лицето дава убаво чувство доколку имате и проблеми со синусите.
Една студија од пред десетина години покажа дека пилешката супа има антивоспалителни својства кои ги олеснуваат симптомите на настинката. Проблемот со оваа студија е што не може научно да се поткрепи, бидејќи не постои плацебо за пилешка супа. Но, дури и ако тоа не е сосема точно, самото јадење на нешто што сте го добивале како дете, ќе направи да се чувствувате добро, а дополнително, ќе внесете доста течности и хранливи материи од зеленчукот.
Земањето витамин Ц можеби нема да го спречи настинувањето, но затоа може значително да го намали времетраењето, доколку редовно се зема по разболувањето. Она што е интересно е дека кај луѓето во одлична физичка форма (како што се маратонците), витаминот Ц може да го намали ризикот од настинка и до 50 проценти.
Постојат студии кои велат дека лукот не само што го намалува ризикот од настинка, туку и го скусува времетраењето на болеста доколку ја добиете. Други студии пак покажале дека ова не може да се докаже. Во секој случај, не може да Ви наштети.
Медот е најпопуларен кога станува збор за лоши кашлици. Една супена лажица мед пред легнување ги намалува симптомите на кашлање, особено кај децата. Ова е еден од поомилените лекови на децата.
Се чини дека најдобриот лек, особено кога станува збор за децата е да го правите она што лекарите отсекогаш го препорачувале – многу одмарање на каучот, со топол пијалак пред себе. На овој начин му овозможувате на организмот да ја искористи целата енергија во борбата против вирусот, т.е. многу побргу да победи во битката.