- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Редовното јадење јогурт може да биде клучно за здравјето, во сезоната на настинки и грипови. Пробиотските „добри“ бактерии кои ги има во дел од јогуртите можат да ви помогнат во заштитата од настинки и инфекции на дишните патишта.
Според дефиницијата на Светската здравствена организација, пробиотски производи се живи микроорганизми, кои, кога ќе се внесат во соодветни количини, обезбедуваат здравствени погодности за домаќинот. Овие „добри“ бактерии се многу слични на бактериите кои природно настануваат во дигестивниот тракт. Помал дел од пробиотските производи се габи, а не бактерии.
Пробиотските производи најчесто може да се најдат во јогурт, ферментирани и неферментирани млечни производи, како и во одредени производи од соја. Пробиотиката е достапна и во форма на додаток на исхраната.
Пробиотските производи обично се користат за спречување на: гасови, стомачни грчеви и дијареа, како последица на терапијата со антибиотици. Природно, во гастроинтестиналниот тракт се содржат околу 400 вида корисни бактерии коишто го регулираат варењето на храната, но земањето антибиотици ги уништува и корисните и штетните бактерии, што потоа предизвикува одредени нус-појави.
Пробиотските производи го подобруваат имунолошкиот систем на два начина: го подобруваат интегритетот на ѕидовите на цревата, но и ја поттикнуваат активноста на фагоцитите, кои се важни во борбата против инфекции, затоа што ги апсорбираат штетните бактерии и другите непознати честички. Пробиотиката ќе ви помогне во борбата со настинките, преку подобрување на природниот одбранбен систем на вашето тело.