- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Некои луѓе веруваат дека на секои 7 години треба да се случува некоја значајна промена. Тоа е интересна коинциденција бидејќи се препорачува душекот да се менува на секои 7 години. После 7 години, душекот е целосно искористен и подготвен за замена. Ако купите многу квалитетен душек може да го користите до 10 години.
Ако имате ненадејни проблеми со спиењето – постојано се превртувате, се будите во текот на ноќта бидејќи не ви е удобно и имате болки во грбот и нозете, причината може да биде душекот. Обрнете внимание на долготрајните промени во вашиот сон за да откриете дали ви треба нов душек.
Некои луѓе веруваат дека на секои 7 години треба да се случува некоја значајна промена. Тоа е интересна коинциденција бидејќи се препорачува душекот да се менува на секои 7 години. После 7 години, душекот е целосно искористен и подготвен за замена. Ако купите многу квалитетен душек може да го користите до 10 години.
Во оваа ситуација, треба да обрнете внимание на две работи: вашиот душек и начинот на живот. Ако поминувате долго време во една положба, како што е возење автомобил, или ако сте пречувствителни на температурни разлики, до крајот на денот сигурно ќе имате болки во грбот. Можеби не е практично да го смените вашиот живот, но можете да пробате да го смените начинот на кој живеете. Почнете да вежбате. Ќе ја подобрите циркулацијата, ќе имате повеќе енергија и ќе се ослободите од напнатоста во мускулите.
Друго важно решение е да бидете сигурни дека душекот кој го одбравте ќе му одговара на вашиот грб. Цврстите душеци му даваат соодветна поддршка на вашиот ‘рбет. Ако сте навикнати да спиете на помек душек тогаш можеби на почетокот нема да ви биде многу удобно, но вашето тело ќе се навикне за само неколку дена.
Душеците се справуваат со нашата телесна тежина и кога ќе ги додадете сите оние часови, денови, недели, месеци и години – тоа е многу долго време! Иако материјалите од кои се изработени душеците се флексибилни и долготрајни, некои душеци со текот на времето почнуваат да пропаѓаат. Кога ова ќе се случи вие ќе ја изгубите поддршката и удобноста. Тогаш е време да го замените душекот.
Затоа ако вашиот душек има дупки и почне да пропаѓа, време е да купите нов. Душекот треба да биде рамен дури и ако застанете на него.
Кога вашиот душек е цврст вие може да фрлите паричка на него и таа ќе се одбие од душекот. Ако ја фрлите паричката и таа остане на него... време е за промена. Ако имате болки во грбот треба да спиете на средно-цврст душек, бидејќи тој душек ќе му даде поголема поддршка на вашиот ‘рбет. Ако вашиот душек ја изгуби цврстината поради долгото користење или поради тоа што вашите деца премногу скокаат на него, болките во грбот може да се влошат.
Кога спиеме, нашето тело исфрла мртви клетки. За жал, прашинските грини – микроскопски организми кои живеат во прашина и се размножуваат во нашите душеци- се хранат од тие мртви клетки. По само неколку години употреба душекот може да содржи 10.000 до 1.000.000 живи прашински грини.
Иако честото чистење со правосмукалка и перењето на постелнината и чаршафите значително може да ја намали појавата на прашински грини, мора да знаете дека не е возможно да се ослободите од сите. Затоа предлагаме да го менувате душекот секогаш кога тоа е потребно.
Над еден милион потрошувачи ги пробаа нашите душеци и тие се целосно задоволни од нив. Бројката продолжува да расте. Причината не се само квалитетните материјали. Ниту пак анатомските и ортопедските карактеристики. Или гаранцијата која може да биде до 15 години. Ова е врз основа на фактот дека душеците на Дормео се неверојатно удобни и ќе ви овозможат мирен и удобен сон.