- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Земањето на лекови на база на хормони е последната алтернатива која се препорачува за постарите, бидејќи сепак се работи за проблем од физиолошка природа.
Поради тоа, докторите препорачуваат промени во околината за спиење, а ние ќе ги издвоиме основните чекори кои секој може да си дозволи да ги направи:
За луѓето над 65год се препорачува да бидат повеќе активни во текот на денот, односно да пешачат, да се занимаваат со некој полесен спорт или да се занимаваат активно со некое хоби кое ќе ги активира физички и ментално.
Храната со јаглехидрати и многу маснотии го отежнува варењето и предизвикува несоница. Воедно и јадењето во доцните часови дополнително создава проблеми со стомакот и спиењето.
Иако лицата над 65год имаат помалку енергија во текот на денот, сепак не е препорачливо да ја надоместуваат со куси дневни дремки бидејќи тие го нарушуваат 24 часовниот кружен циклус на спиењето.
Постарите лица се особено чувствителни на неудобен душек. Поради разлабавената мускулатура и проблемите со коските, за нив спиењето е на ниво на “принцезата на зрно грашок”. Душекот и доволно затемнетата просторија може да направат драстични промени во квалитетот на сонот. Спиењето во удобна позиција, која не го оптоварува телото, го намалува будењето во текот на ноќта и овозможува продолжен длабок сон за обновување на енергијата.