- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Дали вашите деца имаат проблеми на училиште? Дали се трудат да се на исто ниво со нивните соученици, a тоа потешко им успева? Прво нешто што треба да направите е да прифатите дека не е срамно доколку вашето дете има проблеми. Можеби овие совети ќе ви помогнат да се подобри и зголеми нивниот успех...
Дали вашите деца имаат проблеми на училиште? Дали се трудат да се на исто ниво со нивните соученици, a тоа потешко им успева? Прво нешто што треба да направите е да прифатите дека не е срамно доколку вашето дете има проблеми. Можеби овие совети ќе ви помогнат да се подобри и зголеми нивниот успех......
Појадокот е најважниот оброк во денот, посебно за оние кои имаат ден исполнет со интелектуални предизвици - на пример вашето дете кое оди на училиште. Многу истражувања покажале дека:
Житариците, посебно оние од цело зрно, се одличен избор за мозокот на вашето дете, бидејќи содржат многу влакна и витамини – кои се важни за нормално функционирање на мозокот, како и за оптималната работа на мозокот.
Млечните производи содржат калциум, кој е познат дека помага за функционирањето на мозокот, а овошјето содржи многу витамини и минерали кои помагаат за подобрување на меморијата и концентрацијата. За совршен појадок, дадете му на вашето дете чинија со житарици од цело зрно, додадете малку млеко или јогурт и додадете шумско овошје богато со антиоксиданти. Најважниот оброк во денот заокружете го со свежо исцеден сок од портокал...
За клуч до добри резултати на училиште, исто така се сметаат редовните оброци, бидејќи мозокот не може целосно да функционира во текот на неколку часа без да има поддршка. Децата кои ја прескокнуваат нивната попладневна ужинка (или пак јадат нездрава ужинка) најверојатно:
Ова се причините поради кои е важно да им понудите и обезбедите ужинка која ќе им ја обнови енергијата.
Според голем број нутриционисти овошните ужинки се одличен избор за децата ефикасно да можат да функционираат во преостанатиот дел од денот, бидејќи му даваат на телото сè што му треба за да може да издржи до наредниот оброк. Овошјето содржи голем број витамини и минерали, антиоксиданти и можеби најважното- содржи многу течности кои го хидрираат телото. Банани, јаболка, шумско овошје, авокадо и портокали се одличен избор. Најдобрата опција е во текот на неделата постојано да им давате различно овошје, за на вашите деца да не им стане здодевно постојано да јаде исто овошје.
Откако имале напорен ден на училиште, мозокот на вашето дете има потреба од вкусен ручек богат со хранливи состојки, кој ќе ги засити и ќе ги наполни со енергија и ќе му овозможи ефикасно да ги складира информациите кои ги чул во текот на денот. Која храна е најдобар избор за ручек?
Квалитетниот сон е важен фактор за успехот на вашето дете на училиште, па затоа многу е важно да не го оптоварувате нивниот дигестивен систем во текот на ноќта, со тоа што ќе јадат големи оброци полни со масти, а истовремено треба и да им дадете оброци кои ќе го поттикнат растот на мозочните клетки за време на сонот. Сите производи кои го овозможуваат тоа може да се искомбинираат во еден вкусен оброк.
Зелените лисести растенија најчесто се најдобриот избор за основата на вашата салата која ќе го потхрани вашиот мозок, а можете да додадете и други зеленчуци за да ја направите уште похранлива: мешункасти растенија, компири, моркови, домати или омилениот зеленчук на вашето дете. Додадете јаткасти плодови и неколку парчиња печено пилешко месо, туна или лосос и ќе добиете вкусна вечера, која ќе совршено ќе го украси крајот на денот на вашето дете.