- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Жените се многу различни од мажите, особено кога станува збор за симптомите на инфаркт. Во минатото срцевите удари се гледаат како главно машки проблем, но во ситуација кога болестите на срцето се најголем убиец на популацијата во светот, вклучително и на жените, неопходно е да се знаат раните симптоми на инфаркт кај жените, за навреме да се преземат мерки.
Речиси 42% од сите жени кои доживеале срцев удар се соочиле со неможност да земат здив, денови или дури и седмици претходно. Иако овој симптом се јавува и кај мажите, кај жените може да навести срцев удар и без појава на болки во градите. Обично состојбата се појавува одеднаш и без некоја особена причина.
Болки во вратот, грбот, вилицата, забите, рацете (најчесто левата) и плешките – ова се чести симптоми кои навестуваат инфаркт кај жените. Овие болки се пренесуваат од срцето во околните делови од телото, бидејќи во срцето има релативно мал број нервни завршетоци.
Кај жените постојат двапати поголеми шанси да дојде до гадење, повраќање и отежнато варење пред инфаркт, отколку што е тоа случај кај мажите.
Голем број жени, речиси половина од сите кои доживеале инфаркт пријавиле дека се соочени со хроничен замор, кој се појавува одеднаш и без причина. Според истражувањата, повеќе од 70% од жените кои преживеале срцев удар забележале хроничен замор повеќе од еден месец пред епизодата. Во истото истражување било откриено дека половина од нив имале проблеми при заспивање или пак отежнато спиење. Сите промени во ритамот на спиење можат да бидат и предупредувачки знак дека нешто не е во ред со срцето.
Овие симптоми се за нијанса понеодредени, но сепак можат да бидат показател за прединфарктна состојба. Ако чувствувате симптоми слични како кај грипот и не можете да ги правите нештата што вообичаено ги правите, тогаш можеби е време за лекарски преглед, за да бидете сигурни дека не се работи за нешто сериозно.
Ако се случи одеднаш да ве облие ладна пот (а сте сигурни дека не минувате низ менопауза), тоа може да биде знак дека не сте далеку од срцев удар. Се работи за доста чест симптом кај жените, па затоа, ако ви се случи повеќе од еднаш, веднаш упатете се на лекарски преглед.
Овој симптом е еден од поретките кај жените, а потипичен за машката популација, но сепак се случува да се појави. Доколку почувствувате нешто што докторите го опишуваат: „како да имате слон врз градите“, тогаш не чекајте ниту миг и веднаш упатете се кон најблиската здравствена установа.
Честите вртоглавици ретко се поврзуваат со инфаркт, а се работи за многу чест симптом кај жените. Речиси 40% од сите жените кои доживеале срцев удар пријавиле чувство на вртоглавица пред епизодата, кое се засилувало за време на срцевиот удар.