КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Разбудете се рано и мотивирајте се за движење

Во лето температурата станува неподносливо висока, па за да избегнете топлотен удар, преголема изложеност на сонце и преголема доза УВ зраци, најдобро е да вежбате наутро. Ако вежбањето рано наутро пред одењето на работа Ви се чини невозможно, прочитајте како да се мотивирате и да се раздвижите.

1. Извадете ја облеката за вежбање и целата опрема што Ви е потребна уште од вечерта, за кога ќе се разбудите да немате ништо преостанато за правење освен вежбањето. Подгответе си ја и дополнителната опрема, како телефонот или mp3 плеерот.

2. Легнете си порано за да бидете добро одморени и да немате поголеми потешкотии при станувањето. Наместете го будилникот да Ве разбуди со омилената весела песна. Штом ќе ги чуете позитивните вибрации од музиката, ќе Ви биде полесно да се одделите од топлата постела.

3. Договорете се со пријател или тренер. Доколку се договорите со некого да се сретнете рано наутро, ќе чувствувате обврска да го исполните договорот, дури и ако телото и умот се обидуваат да Ве премислат.

4.Испланирајте некоја возбудлива активност, што лесно ќе Ве мотивира да вежбате пред 6 часот, како на пример јога на плажа на изгрејсонце. Одвреме-навреме правете си нова плејлиста што ќе Ви го олесни вежбањето и дополнително ќе Ве мотивира.

5. Каснете нешто набрзина пред вежбање, но испланирајте си што ќе јадете за појадок, како награда за напорното вежбање. Многу побргу ќе дотрчате назад во домот ако знаете дека таму ќе Ве чека чаша топло кафе и некое вкусно јадење за појадок.