- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Можеби ќе се изненадите кога ќе прочитате колку луѓе во светот зборуваат во сонот или пак од причините кои доведуваат до оваа состојба. Прочитајте за сите нешта поврзани со овој феномен што отсекогаш сте сакале да ги знаете.
Можеби ќе се изненадите кога ќе прочитате колку луѓе во светот зборуваат во сонот или пак од причините кои доведуваат до оваа состојба. Прочитајте за сите нешта поврзани со овој феномен што отсекогаш сте сакале да ги знаете. Зборувањето во сон уште е познато како сомнилоквија. Се работи за парасомнична појава, т.е. абнормално однесување во текот на спиењето. Зборувањето во сон е многу честа појава и воопшто не се смета за медицински проблем. Некои луѓе зборуваат неразбирливо, други пак јасно, некои неутрално, други вулгарно. Обично, најголем дел зборуваат не повеќе од 30 секунди во текот на една епизода, но некои луѓе зборуваат и по неколкупати во една ноќ. Според експертите, оваа состојба е наследна, а никој не го знае точниот број на луѓе кои зборуваат во сон, во светски рамки.
Научниците не се сосема сигурни дали зборувањето во спиење всушност настанува во фазата на сонување или во периодите кога не се сонува. Најчесто се работи за безопасно зборување, но во одредени случаи може да се работи за сериозно пореметување на спиењето или индикатор на кошмари, па дури и месечарење.
-Емоционален стрес; -Треска; -Одредени лекарства; -Психички пореметувања; -Употреба на психотропни супстанци.
До сега не постои конкретен третман за оваа состојба. Обратете се кај лекар стручен во оваа област и разговарајте за проблемот доколку со него некому му го нарушувате спиењето. Во спротивно не постои некоја валидна причина зошто да се обидувате да излечите безопасна состојба.
Единствен начин да се намали или ублажи зборувањето на сонот е да се работи на квалитетот на спиењето и намалување на стресот. Кога ќе ги елиминирате нештата што Ви тежат, тогаш ќе немате за што да зборувате.