КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Сè што треба да знаете за дремките

Иако препорачаното време за спиење е седум до осум часа, голем дел од нас не успеваат да се наспијат во текот на ноќта, поради преголемиот број обврски. Затоа, тука се дремките во текот на денот. Постојат многу митови и лажни претпоставки за оваа категорија на спиење, па затоа прочитајте сè што некогаш Ве интересирало за дремките.

Попладневната дремка може да ја подобри концентрацијата

Во оние денови кога сте уморни, се влечкате и се чини дека ништо не Ви оди од рака, најдобро би било да одвоите еден и пол час и да дремнете, некаде околу 14 часот. Откако ќе се разбудите, ќе бидете освежени, полни со енергија и многу посконцентрирани. Доколку не можете да одвоите толку за спиење, доволно ќе биде и една брза дремка од 20 до 30 минути.

Дремката може да го намали ризикот од срцеви заболувања

Спиењето не само што влијае врз бистрината на умот и мозочните функции, туку е директно поврзано и со здравјето на срцето. Истражувањата покажаа дека луѓето што спијат до 6 часа во текот на ноќта се изложени на зголемен ризик од срцеви заболувања. За нив, препорачливо е дневна дремка во времетраење од 45 минути до еден час, со што значително ќе се намали ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Постои идеално време за дремка

Ако некогаш сте биле во Шпанија, знаете дека по ручекот сите одат на т.н. „сиеста“. И не е случајно што ова се случува во периодот помеѓу 14 и 16 часот. Тоа е всушност средината на денот, кога телото искусува пад во физичките и менталните способности и му е потребен одмор. Исто така, лекарите препорачуваат да се избегнуваат дремките подоцна во денот, по 17 часот, затоа што тоа може негативно да влијае врз циклусот на ноќното спиење.

Користете аларм

Веројатно алармот го користите за да Ве разбуди наутро, но таа алатка може да се покаже многу важна и за дремките. Речиси без исклучок, луѓето се загрижени дека ако се одлучат за дремка, ќе се успијат и ќе си го уништат ноќниот сон. А, кога сте загрижени, имате потешкотии при заспивање. Затоа, подесете го алармот и слободно дремнете.

Ако спиете доволно, а сепак сте уморни, консултирајте се со лекар

Дремките се одличен начин да се одморите кога не сте се наспале доволно во текот на ноќта. Но, во случаите кога спиете доволно, а сепак сте уморни и чувствувате потреба за дремка, треба да се консултирате со Вашиот матичен лекар, бидејќи тоа може да е индикатор за посериозен проблем.