КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Семки од тиква - лек за сѐ!

Семките од тиква се сметаат за лековити повеќе од 3.000 години, во најразлични култури низ целиот свет. Овие семки нудат цела палета на здравствени придобивки, бидејќи изобилуваат со магнезиум, калциум, калиум, железо, цинк и витамин К.

1. Превенција и борба против рак

Најновите истражувања покажаа дека соединенијата наречени кукурбитацини можат да помогнат во превенцијата и борбата против рак, а семките од тиква изобилуваат со овие соединенија. Не само што овие соединенија имаат способност за уништување одредени видови канцерогени клетки, туку имаат и антивоспалителни карактеристики.

2. Го подобруваат здравјето на простатата

Маслото од семки од тиква се користи за третирање на состојбата на зголемена простата. Но, покрај маслото и фитохемикалиите кои ги има во овие семки може да биде корисно за третман на оваа состојба.

3. Го снижуваат штетниот холестерол

Покрај тоа што семките од тиква го повишуваат нивото на ХДЛ (корисниот) холестерол, содржат и фитостероли, состојки кои го снижуваат ЛДЛ (штетниот) холестерол и до 13 проценти.

4. Го намалуваат ризикот од дијабетес

Семките од тиква им се препорачуваат на дијабетичарите. Имаат висока содржина на железо и незаситени масти кои се корисни за срцето. Не само што состојките во овие семки успешно го регулираат нивото на инсулин во крвта, туку помагаат и во намалување на ризикот од дијабетес.

5. Поттикнуваат слабеење

Семките од тиква содржат голема количина растителни влакна и протеини – две важни состојки за намалување на телесната тежина. Во само 30 грама семки од тиква има 5 грама протеини, кои ќе ве заситат на подолг период. Но, не претерувајте со овие семки, ако целта ви е слабеење – само една шолја семки од тиква има речиси 300 калории.

6. Превенција на остеопороза

Луѓето кај кои е забележан недостиг од цинк, треба да размислат за грицкање семки од тиква. Тие изобилуваат со цинк, минерал кој недостига кај луѓето со фрактури на коските. Во само една четвртина шолја семки од тиква има 17 проценти од дневните потреби од цинк.