- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Не постои вистински одговор на прашањето која облека е најдобра за спиење. Некои луѓе обожуваат пижами, некои ноќници и долна облека, додека некои не носат баш ништо.
Во текот на зимата кога е ладно, облекуваме нешто повеќе на себе. Кога ни е многу ладно облекуваме и чорапи. А што во лето? Постојат ситуации кога не знаеме дали да бидеме облечени или не, па затоа ви ги нудиме следниве кратки совети.
Доколку се чувствувате лошо или сте болни, ви препорачуваме да облечете нешто повеќе облека на себе од вообичаено. Така ќе ја намалите температурата, додека во исто време нема да има ризик да ја влошите својата состојба.
Доколку сте „тазе“ излечени од грипот, настинката или некоја друга болест, Вашата облека за спиење мора да биде чиста. На овој начин ќе го намалите ризикот да се разболите, а ќе спиете многу поубаво и попријатно.
Доколку сакате да уживате во некои други активности во креветот освен во спиењето, ви препорачуваме заводлива и секси долна облека, без разлика дали сте маж или жена.
За време на летото ви препорачуваме да носите помалку облека. Во исто време ќе морате да го подготвите и својот кревет за во лето. Заменете ја својата зимска прекривка со летна и полесна. Свилените прекривки се особено пријатни.
Исто како удобната облека, за спиењето е важен и удобниот душек. Всушност, целата Ваша спална мора да биде удобна. Душекот треба да биде изработен од материјал кој ја регулира положбата на телото. Мемори пената е револуционерно откритие кое значајно допринесува во развој на технологијата и производството на душеци.