КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Што мора да знаете пред да почнете да живеете заедно

Секој почеток е тежок, па и мигот кога ќе започнете да живеете заедно со партнерот. Затоа, од исклучителна важност е да посветите внимание на неколкуте детали кои мора да ги знаете пред да се решите за таков голем чекор.

Финансиски план

Многу е важно да направите детален план поврзан со финансиите. Мора да знаете кој ќе плаќа за што, т.е. кој дел од заедничкото живеење ќе биде чија одговорност. Прашањето – со што точно ќе го полните фрижидерот – може да почека. Кој ќе ги плаќа сметките и киријата, не може.

Климатизација

Екстремните жештини секого може да го доведат до работ на лудилото. Кога спиете во ист кревет со некого, високите температури може за брзо време да донесат многу бессони ноќи, а пак хроничната ненаспаност сигурно ќе ви донесе голем број незгодни караници.

Голем кревет

На почетокот од врската, кога сте биле преплавени од страст, воопшто не ви пречело да се гушкате и спиете на единачен и веројатно неудобен кревет. Тоа е сосема нормално. Кога ќе треба да започнете да живеете во заедница, ако не си купите брачен кревет, ќе зажалите за многу брзо време. Од една страна секогаш ви е потребна комоција, а од друга, по караниците во заедничкиот дом, нема да може да си отидете дома, туку ќе спиете во истиот кревет. А, доколку тој кревет е тесен, животот ќе ви се претвори во пекол.

Потребно е трпение, особено ако имате само еден тоалет

За заедничко живеење е потребно многу трпение и многу работа. Замислете си вакво сценарио – се подготвувате за на работа и не сте отишле во тоалет, затоа што вашиот партнер е таму веќе половина час. Во таква ситуација многу е лесно да избувнете и да предизвикате караница. Но, бидете трпеливи. Ако тоа се случи, кога ќе се вратите од работа, седнете и поразговарајте. За сè е возможно да се направи договор и распоред, па и за користењето на тоалетот.

Јасни и прецизни правила за гости

Едно од првите нешта што мора заеднички да ги договорите се правилата за гости (кој смее да доаѓа, а кој не, дали ви е потребно претходно известување или не, итн.). Многу е незгодно кога сте уморни од работа и следното утро треба да станете рано за важен состанок, сонот да ви биде нарушен од гласните пријатели на вашиот партнер, нели?

Комуникација надвор од домот

Чекањето никому не му е забавно. Ако се задржите по работа или отидете на пијачка со колегите, секогаш треба да се јавите и да му кажете на својот партнер дека ќе задоцните. На тој начин ќе избегнете многу караници.