- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Како што покажуваат последните истражувања, спиењето можеби е еликсирот на младоста. Влијанието што квалитетното спиење го има врз здравјето е посилно и од добрата физичка кондиција или фактот што не пушите. Но, што се случува доколку не спиете доволно?
Како што покажуваат последните истражувања, спиењето можеби е еликсирот на младоста. Влијанието што квалитетното спиење го има врз здравјето е посилно и од добрата физичка кондиција или фактот што не пушите. Но, што се случува доколку не спиете доволно? Обично сите скусуваме од времето за спиење, за да создадеме повеќе време за секојдневните обврски. Но, сте знаеле ли дека времето што го кратите од сонот, всушност е време што се одзема од вкупниот животен век?
Последиците од нередовно или недоволно спиење се пред сèмедицински. Главно се поврзани со годините и здравјето. Младите луѓе кои не спијат доволни имаат поголем ризик од развој на болести, како што е дијабетес, намалена меморија, висок крвен притисок и др.
Кога хронично го скусувате спиењето, на сопственото тело му ги нанесувате најтешките рани. Докторите стравуваат дека при ваквата состојба доаѓа до нарушување на балансот на хормони, кои се клучни за правилната работа на панкреасот и тироидната жлезда. При пролонгирано нарушување, можно е да дојде и до посериозни здравствени проблеми.
Проблемите со спиењето се еден од најчестите знаци за бројни невролошки заболувања. Нарушувањето може да биде последица на промените во деловите од мозокот кои го контролираат спиењето.
Спиењето е важен фактор и кај епилепсијата. Научниците открија дека квалитетното спиење ги ограничвуа епилептичните напади во деловите од мозокот каде што се предизвикуваат. Недостигот од сон може да ги интензивира.
Научните истражувања покажаа дека недоволното спиење во голема мера го попречува процесот на учење и може да го намали бројот на новите информации што мозкот ги прифаќа, дури и до 50 проценти. Токму затоа треба да најдете време за спиење и покрај стресот и притисокот.
Расположението директно зависи од спиењето. Луѓето кои спијат лошо имаат чести промени во расположението. Овие промени постепено водат кон депресија, која пак може да се претвори во нешто многу посериозно.
Докажано е дека луѓето кои не спијат доволно имаат здодевен сексуален живот или воопшто го немаат. Ова се должи на фактот што сексуалниот живот е поврзан со расположението. Оттаму, за да имате квалитетен сексуален живот, мора да најдете време за добро да се наспиете.