КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Ситници кои Ви го крадат сонот

Сакате само да си легнете, да ги затворите очите и да се одморите, станувајќи дури следното утро. Наместо тоа, заглавувате будни в кревет превртувајќи се до ниедно време, а на крајот се будите уште поуморни одошто кога сте легнале. Еве ги можните причини.

Светло влегува во спалната соба

Дури и ако гледате само една тенка линија под вратата, тоа е доволно да го поремети внатрешниот часовник на организмот и да Ве остави без сон. Светлото му дава сигнал на мозокот да престане да лачи мелатонин и со тоа заспивањето станува екстремно тешко. Купете си ролетни кои ја блокираат целата светлина што влегува низ прозорецот, исклучете ги сите уреди кои создаваат вештачка светлина (компјутер, телевизор, а покријте го и дигиталниот часовник) и блокирајте ги сите преостанати извори на светлина, доколку постојат.

Нередовни оброци

Внатрешниот часовник на организмот се ориентира според повеќе референцијални точки, меѓу кои најважни се времињата за оброци. Доколку оброците во Вашиот живот се хаотични, тогаш внатрешниот часовник ќе стане хаотичен и сонот ќе доаѓа кога најмалку ќе го очекувате. Најумното нешто што можете да го направите во насока на подобар сон и подобро здравје е точно определени термини за оброците, со минимални отстапки.

„Втора сила“

Ова се случува често – преку целиот ден се чувствувате уморни, Ви се спие, неволно ги извршувате задачите, но кога ќе се вратите дома по работното време, наместо да заспиете, добивате ненадеен наплив на енергија и не можете да се смирите. Ова може да се должи на зголеменото излачување на кортисол и адреналин во Вашиот организам, предизвикано од недоволно спиење. Доколку не преземете нешто и тоа се продолжи на подолг рок, може да дојде и до посериозни здравствени нарушувања. Покрај тоа што треба да си одвоите повеќе време за спиење, штом ќе Ви дојде ненадејниот наплив на енергија, не правете некоја активност што знаете дека ќе Ве остави без сон цела ноќ. Наместо тоа, обидете се со нешто што ќе Ве опушти, како на пример читање добра книга.

Пиење доцна навечер

Алкохолот е депресант и пиење пред спиење може да Ве опушти доволно за брзо да заспиете. За жал, таквото спиење многу често не трае долго време. Алкохолот многу бргу се матболизира, па така не само што ќе се разбудите кога ефектот ќе помине, туку и ќе мора да станете, за да го исфрлите од системот, во тоалетот. Кога пиете, планирајте последната чашка да Ви биде околу четири часа пред легнување, за телото да има доволно време за метаболизирање на алкохолот и со тоа да ги избегнете проблемите со сонот.