КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Слабеете ли правилно?

Во секое списание, на сите интернет страни, па дури и на телевизија се нудат најразлични совети за тоа како да ослабете, и сите тие се сведуваат генерално на намалување на количината на храна која ја внесувате и вежбањето. Тоа што најмногу не мачи е прашањето како тоа да го постигнеме.

Во секое списание, на сите интернет страни, па дури и на телевизија се нудат најразлични совети за тоа како да ослабете, и сите тие се сведуваат генерално на намалување на количината на храна која ја внесувате и вежбањето. Тоа што најмногу не мачи е прашањето како тоа да го постигнеме.

Проблемот е во тоа што штом почнете со процесот на слабеење, веднаш се соочувате со голем број на препреки, а една од нив е менувањето на старите навики и стекнувањето на нови. Запомнете, ништо не се менува преку ноќ. Ако целта ви е за многу кратко време да промените многу работи, тогаш неуспехот е неизбежен. Бидете трпеливи. Ослободувањето од лошите навики е процес, и за него треба да одвоите повеќе време. Со овој, неправилен пристап, многу брзо ќе ги вратите старите навики и ќе ја изгубите довербата дека можете да се ослободите од вишокот килограми. 

Воведувајте ги новите навики една по една, така ќе успеете многу работи да промените. Откако веќе целосно ќе усвоите една навика, преминете на втората, па на третата...

Правилен начин на слабеење

Не очекувајте резултати со секоја мала промена која ќе ја направите во вашиот начин на живот. Резултатите ќе дојдат сами кога новите навики ќе станат дел од вашето секојдневие, а старите ќе бидат целосно искоренети. Можно е да помине и 1 година, но не очајувајте – вие сте на вистинскиот пат. Исто така, навистина е важно да прифатите дека може да направите и неколку грешки, кои се додека се мали, не претставуваат никаков проблем.

1.  Јадете полека – убаво џвакајте ја храната, не голтајте цели залчиња.

2. Барем два пати во неделата јадете риба. Омега-3 масните киселини се многу значајни за вашето здравје.

3. Вежбајте три пати во неделата по 20 минути. Ние ви ги препорачуваме кардио вежбите, како што е трчањето, пливањето, возењето велосипед или брзото одење.

4. Кога ќе се почувствувате 80 % сити, престанете да јадете.

5. Одвојте 15 минути во денот за вежбање само на одредени мускули на телото – на пример за рацете, нозете, абдоменот.

6. Дел од секој оброк, секој ден, нека биде зеленчукот.

7. Изедете барем една порција овошје во денот.

8. Во текот на денот одморете најмалку 20 минути. Тоа е доволно за повторно да ги наполните батериите.

9. Вечерата нека биде најдоцна до 19 часот. Консумирајте лесна вечера, секако без десерт.

10. Консумирајте слатки, колачи, сладолед, бисквити, чоколадо најмногу 2 пати неделно. Секогаш кога ќе добиете желба за благо, задоволете се со овошје.