КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Со добар сон до подобар живот и спас од депресијата

Сигурно веќе знаете дека редовниот и добар сон повеќекратно го подобрува квалитетот на животот, апсолутно е неопходен за доброто здравје, но исто така, со него ќе бидете на добар пат да се спасите од депресијата, доколку страдате од неа.

Сигурно веќе знаете дека редовниот и добар сон повеќекратно го подобрува квалитетот на животот, апсолутно е неопходен за доброто здравје, но исто така, со него ќе бидете на добар пат да се спасите од депресијата, доколку страдате од неа. Откако беше утврдено колку всушност се големи импликациите од квалитетот на спиењето врз сите останати аспекти од животот, зачестија истражувањата поврзани со квалитетниот сон.

Во едно од последните американски научни истражувања на оваа тема, спроведено на преку 10 илјади испитаници, било утврдено дека оние што редовно и речиси без исклучок добиваат од 6 до 9 часа сон дневно, имаат далеку поквалитетни животи од оние што спијат под 6 или над 9 часа. Она што можеби е најинтересно е дека испитаниците во групата што спие оптимално, многу поретко страдаат од депресија. Зачестените истражувања се важни за понатамошното потенцирање на важноста на квалитетниот сон, затоа што луѓето полека сфаќаат дека квалитетот на целиот живот им зависи од квалитетот на спиењето и дека прекумерното или недоволното спиење носат со себе значителни негативни импликации. Докторите апелираат секој човек да го пронајде оптималното време за спиење и да направи баланс, за да го заштити здравјето. Потребите за спиење се индивидуални, но во просек, потребни се помеѓу 7 и 8 часа квалитетен одмор секоја ноќ за правилно функционирање и добро здравје, вклучително и психичката благосостојба.