КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Топ 5 совети за менување на вашиот душек

Дали често се будите уморни, без енергија, со болки во грбот? Ако спиете доволно, но сепак не сте одморени, проблемот може да биде во душекот – можеби е време за промена. Ние подготвивме целосен водич за менување на вашиот душек и повеќе причини поради кои треба да го смените душекот, како и други дополнителни совети.

Дали често се будите уморни, без енергија, со болки во грбот? Ако спиете доволно, но сепак не сте одморени, проблемот може да биде во душекот – можеби е време за промена. Ние подготвивме целосен водич за менување на вашиот душек и повеќе причини поради кои треба да го смените душекот, како и други дополнителни совети.

1. Кога е вистинското време да го смените вашиот душек?

Ако спиете доволно во текот на ноќта, а сепак се будите уморни или со болки во грбот и вратот, тогаш дефинитивно е време да го смените душекот. Често се случува да не обрнувате внимание на овие проблеми или пак да ги поврзувате со други причини, а забележувате огромна промена кога случајно спиете на друг душек. 

Треба да обрнете внимание на други надворешни знаци; дали вашиот душек е изветвен или пак искинат и пропаднат на делот каде спиете?

Доколку одговорот е да, тогаш дефинитивно е време да го смените душекот.

Но и без горенаведените знаци вашиот душек можеби треба да се замени. Кога последен пат сте го смениле? Ако поминале повеќе од 7 години, тогаш треба да набавите нов. Помислете дека 7 години се просечниот животен век на еден душек. Можеби чувствувате дека нема ништо погрешно со вашиот душек и покрај фактот дека е стар – но 75% од луѓето кои го смениле душекот велат дека спијат подобро од порано.

2. Како да го одберете вистинскиот душек?

Многу е важно да одвоите време за потрагата по душекот кој ќе ги задоволи сите ваши потреби. Првото прашање е димензијата на душекот, но и цената може да биде важен фактор.

Исто така мора да одлучите дали сакате помек или поцврст душек. Ова најчесто зависи од вашите навики за спиење, но исто така треба да обрнете внимание на каков душек сте спиеле до сега.

3. Пробајте го душекот!

Штом ги имате сите потребни информации за вашиот нов душек, време е да го пробате. Одвојте доволно време и кога ќе го пробате душекот во салонот не заборавајте да облечете нешто удобно за да можете целосно да ја тестирате удобноста на вашиот душек. Најдобро би било да облечете пижами, но бидејќи тоа не е баш добра опција тренерки би биле следниот одличен избор. 

4. Проверете ги деталите

Кога станува збор за одбирање душек, најважниот дел секако е самиот душек, но исто така треба да обрнете внимание на деталите кои ќе го направат процесот на купување многу поедноставен. Доколку купувањето душек е нешто што едноставно не можете да си го дозволите, може да прашате дали постои опција да го купите душекот на рати.

Друг важен фактор е доставата; ако душекот е многу голем и тежок ќе имате проблеми да го ставите во мал автомобил. Доставата до дома е многу добра опција.

5. Што ќе правите со стариот душек?

Откако новиот душек ќе пристигне во вашиот дом, најверојатно ќе почнете да се запрашувате што да правите со стариот душек. Доколку сè уште е во добра форма, може да пробате и да го продадете или пак подарете го на некој што има потреба од него.

Но ако душекот не е во добра форма, едноставно може да го фрлите и да се ослободите од него.