КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Совети и трикови како да станете ранобудни

Како се будите рано наутро? Дали го притискате копчето за снуз колку е можно повеќе пред буквално да се присилите себе си од креветот? Да бидеме искрени, воглавно сите сакаме да поспиеме малку повеќе! Будењето во основа не е во ред, освен ако не се работи за нешто што исчекувате. Без разлика дали се чувствувате поспано или сте будни сите имаме нешто во нас што го регулира ова, исто како и останатите биолошки функции. Станувањето заедно со сонцето или порано ни враќа со сериозни придобивки како што се помалку стресни денови, повеќе слободно време и зголемена продуктивност.

Станувањето ранобудна личност е скоро невозможно без да се оди порано во кревет.

Многу ноќни птици тежнеат да имаат животен стил како ранобудните птици, но тоа дефинитивно не е лесно.Еве неколку совети и трикови како да станете ранобудна личност и како станувањето рано да ви биде полесно отколку што сте навикнале.

Туширање со студена вода наутро

Туширањето со студена вода, ако сте здрави, наутро, и чувствувајќи како студената вода минува по вашето тело може да се чини дека повеќе ужасно отколку дека успокојува. Меѓутоа, биењето на срцето исто така ќе се зголеми при тоа ослободувајќи налив на крв низ целото тело. Ова ќе ви ја даде природната доза на енергија за целиот ден.

Читајте гласно за себе, за децата или за вашиот партнер

Читањето пред кревет е стара традиција. Кога ќе се сетиме на нашето детство, многумина од нас имаат убави сеќавања како ни читаат, како се стуткуваме и уживаме во омилената приказна заедно со луѓето кои не сакаат. И не ја памтиме приказната до толку колку што ги памтиме чувството на љубов и сигурноста која ни ја даваат. Некои луѓе не может да заспијат без читање, но за другите, приказна пред спиење е нешто што останало во детството. Можете да му читате приказни гласно на партнерот. Тоа е прекрасна и романтична активност, нешто интимно што можете да го делите со некој кој ви е посебен. Партнерите постојано се обидуваат нови работи со цел да го подобрат својот однос, и книгите, не само оние за самопомош, се сега дел од секој разговор. Читањето пред да заспиете би можело многу да ви помогне да се опуштите.  Приказните му даваат на вашиот ум можност на кратко да биде на некое друго место. Ова значи дека вие моежете да заборавите на вашите проблеми и како резултат на тоа полесно да заспиете.

Да се дреме или да не се дреме, прашање е сега

Долгите дремења во текот на денот дефинитивно прават потешко да заспиете навечер. Ако сте многу уморни, најмногу поради стресот на работа, обидете се да вежбате со цел да избегнете веднаш да заспиете кога ќе дојдете дома.

Големиот ум секогаш оди на прошетка

Од вашето срце на вашето расположение, благодетите од прошетките се неверојатни. Чарлс Дарвин, Фридрих Ниче па дури и Аристотел: Листата на големи умови кои биле опсесивни шетачи е долга. Зошто? Бидејќи вашите мозоци стануваат покреативни  и потоа кога ќе одите да спиете вие се смирувате полесни. Ќе се зачудите кога ќе откриете што една еднсотавна прошетка може да направи за нас. Едно неодамнешно истражување исто така открило дека луѓето кои пешачат, па дури и малку, имале подлабок сон кој окрепувал  во однос на луѓето кои воопшто не вежбале.

Ставете го алармот некаде подалеку вон дофат и да биде со музика која ви се допаѓа

Држете го алармот подалеку од креветот за да ве присили да станете од креветот за да го исклучите. И бидејќи никој не сака  да се буди со обичен аларм обидете се да изберете музика за аларм која ќе ви се допадне. Може да се случи поради тоа утрата да ви бидат помалку иритантни поради оваа опција.

Средувајте го креветот секој ден

Растурениот кревет праќа порака на некомплетност. Тоа е форма на неред кој ве потсеќа на другите тешкотии и маки во вашиот живот. Ако ја користите спалната соба за да спиете навечер тогаш треба да го местите креветот секој ден.  Едно неодамнешно истражување покажало дека луѓето коМестењето на креветот би можело да биде токму тоа што ви е потребно за да целосно се одморите за да можете да се пробудите освежени секое утро.

Дајте си себе си повеќе време секое утро

Да се има работи на кои се надевате наутро прави скокањето од кревет да биде далеку повозбудливо. Можеби доручекот наутро, шољата кафе и тушот се чинат невозможни за нас, но ќе се навикнете на нив во моментот кога ќе ја извадите ногата од креветот. Ќе се чувствувате прекрасно, бидеќи кога ќе дојде време да заминете и да работите тогаш ќе ќе знаете дека веќе сте направиле нешто добро за себе и на овој начин ќе се чувствувате и попродуктивни. Будењето и излетувањето преку врата право на работа или на некоја друга обврска сигурно не е добар начин да се стане ранобудна личност. Полека започенете го денот со тоа што ќе си дозволите себе си малку помирен период за да седнете со шоља кафе, да доручкувате, читате, гледате вести или да правите било што што ќе ви овозможи полека да го започнете денот отколку да трчате како обезглавени. Со овие совети и трикови вие дефинитивно ќе станете рабобудна личност.