- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Ако позборувате со искусни родители, тие веднаш ќе ви кажат дека животот би им бил многу полесен, доколку некој им ги предочел сите начини на кои животот ќе им се смени по раѓањето на нивното дете. Ова се нештата коишто никој не ви кажал, а треба даги знаете.
Ако позборувате со искусни родители, тие веднаш ќе ви кажат дека животот би им бил многу полесен, доколку некој им ги предочел сите начини на кои животот ќе им се смени по раѓањето на нивното дете. Ова се нештата коишто никој не ви кажал, а треба даги знаете.
Откако ќе се роди бебето, ќе започнете да гледате опасност во секој детаљ од домот, од опкружувањето, насекаде. На почетокот тешко ќе се справите со фактот што не можете да го заштитите своето дете од сè, но со текот на времето ќе сфатите дека така растат децата.
Откако ќе станете родител, нештата стануваат хаотични, правилата се менуваат, а вие ќе правите грешки. Важно е да научите нешто од своите грешки и да не ги повторувате.
Кога вашиот партнер ќе ја закопа главата во перницата, иако е „на должност“ за бебето, веројатно ќе ја искажете најужасната навреда што ќе ви падне на ум. Некогаш и тој ќе го направи тоа. За среќа, до утрото ќе заборавите и животот ќе продолжи.
Во бременоста, ви отстапувале место во автобус, ве прашувале како сте, но сега, сите очи се вперени во малото човече. Сите сакаат да знаат како тоа се чувствува, колку е старо, како се вика...
Во средината на ноќта, кога ви се плаче за спиење, секоја логика престанува да постои. Ќе се почувствувате како да сакате да си избегате од кожа. Така ќе биде до мигот кога ќе сфатите дека не мора да го набљудувате бебето постојано и дека можете да спиете од едно до друго хранење.
Можеби ќе застанете во супер маркет и 10 минути нема да можете да одлучите која марка храна за бебиња да ја одберете. Тоа воопшто не е страшно. Уморни сте, постојат премногу избори и поради тоа не мора никаде да брзате. Особено кога станува збор за поважни работи, тогаш навистина треба да се движите бавно и да го направите вистинскиот избор за вашето бебе.
Без разлика колку сте горделиви во сите други области, кога станува збор за грижата за вашето бебе, ќе научите да прифаќате помош и тоа прилично брзо. Одеднаш, посетите од бабата, свекрвата, тетките, ќе ви се чинат извонредни, бидејќи ќе имате шанса барем да дремнете.