- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Постојат бројни причини зошто треба добро да се наспиеме во текот на ноќта: подобрена меморија, намалување на телесната тежина, помалку стрес итн. Но, дали сте знаеле дека недоволното спиење може да ви ја уништи врската?
Постојат бројни причини зошто треба добро да се наспиеме во текот на ноќта: подобрена меморија, намалување на телесната тежина, помалку стрес итн. Но, дали сте знаеле дека недоволното спиење може да ви ја уништи врската? Според една нова студија спроведена во Калифорнија, недостигот од спиење го отежнува нормалното функционирање на паровите. Ако сметате дека партнерот не ве цени доволно, тоа може да се должи на фактот што тој не спие доволно. Недоволното спиење нѐ прави посебични и секогаш како приоритет ги земаме сопствените потреби, за сметка на потребите од партнерот. Можеби сте спиеле прекрасно, но ако вашиот партнер не се наспал, големи се шансите двајцата да бидете нерасположени во текот на денот. Во истражувањето учествувале 60 парови од најразлични возрасти. Во еден од експериментите, учесниците биле замолени да водат дневник во кој ќе запишуваат како спиеле и дали забележале влијание врз односот со партнерот. Во друг експеримент, паровите требало да решаваат проблеми заедно. Резултатот од двата експеримента бил идентичен – оние луѓе кои спиеле полошо многу помалку ги ценеле своите партнери. Делењето на постелата со друга личност понекогаш значи и недоволно спиење, без разлика дали тоа се должи на ‘рчењето на партнерот или пак на јадењето колачиња во креветот, но докажано е дека навиките при спиењето на парот во голема мера влијаат врз нивниот меѓусебен однос во текот на денот. Доколку сакате врската да ви биде среќна и да трае подолго време, еден од клучните фактори е добриот сон. Направете сѐ што е во ваша моќ да ги подобрите условите за спиење, но во исто време, не заборавајте да му кажете на партнерот „ти благодарам“ кога ќе направи нешто убаво за вас.