КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Спиење за убавина - вистина или мит?

Сите сме чуле безброј пати во животот дека за да бидете убави треба добро да се наспиете. Но, дали спиењето за убавина има вистинска подлога или пак се работи само за мит?

Сите сме чуле безброј пати во животот дека за да бидете убави треба добро да се наспиете. Но, дали спиењето за убавина има вистинска подлога или пак се работи само за мит?

Логиката е едноставна – ако се чувствуваме добро, тогаш изгледаме добро. А, доброто спиење прави да се чувствуваме одлично. Покрај тоа, кожата станува сјајна, без темни кругови под очите или какви било други траги од несоница. Добар дел од изгледот се должи и на здравјето, а токму спиењето е еден од темелите на доброто здравје.

Спиењето може да влијае на телесната тежина

Се работи за врската помеѓу хормонот за стрес, кортисол и недоволното спиење. Ако не спиете доволно, тогаш овој хормон се излачува во многу поголеми количини, што предизвикува засилено чувство на глад, дури и кога сте најадени.

Недоволното спиење пред време ќе ве остари

Научниците докажаа дека недоволното спиење има подеднакви последици како и процесот на природно стареење, кој доаѓа кај сите, порано или подоцна. Според тоа, недоволното спиење прави да се забрза овој процес и знаците на стареење да се појават многу порано отколку што би требало.

Не е сè во квантитетот

Дури и ако спиете доволно долго, спиењето може да не биде доволно квалитетно и во тој случај повторно ќе се соочите со несаканите последици. Благодетите од спиењето ќе ги искусите единствено ако спиете мирно и квалитетно. Тогаш се излачуваат правилните хормони за регенерација и вие се будите одморени.

Како до поквалитетен сон?

Прво, мора да сте сигурни дека имате доволно време за спиење. За соодветен одмор во текот на ноќта потребни ви се помеѓу 6 и 8 часа. Не можете да легнете во 3 часот по полноќ, да станете во 6 наутро за да одите на работа и да очекувате квалитетно спиење. Оставете доволно простор за вашето тело да може да се одмори. Направете го спиењето приоритет. Второ, обезбедете соодветни предуслови за квалитетно спиење: не вежбајте и не јадете доцна навечер; спијте исклучиво во потполно темна спална соба; и откажете се од гледањето телевизија и користење на какви било електронски уреди непосредно пред спиење (барем 1 час). Трето, елиминирајте го стресот од животот. Ова можеби звучи исклучително тешко, со оглед на светот во кој живееме, но обидете се со масажи, вежби, медитација, па дури и со редовно бакнување. За кратко време ќе забележите дека ќе спиете многу помирно. На крајот, мора да имате соодветна подлога за спиење. Многу е важно да имате удобен душек кој им одговара на вашите, индивидуални потреби, како и перница што ќе ви овозможи да се одморите во текот на ноќта.