КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Спиењето е најважно

Сите знаеме дека добриот сон е многу важен за нашето ментално и физичко здравје. Но дали знаете дека може да влијае и на физичкиот изглед?

Зошто треба да спиеме?

1. Спиеме за здравје

Исто како храната, сонот и квалитетниот душек се едни од основните работи кога станува збор за основните потреби во животот. Експертите се согласуваат дека сонот влијае на нашето ментално и физичко здравје.

Недостатокот на сон може да предизвика многу болести. Спиењето го зголемува крвниот притисок, го стимулира имунитетот, метаболизмот, менталното здравје  и нашето расположение. Недостатокот на сон може да води до депресија.

Ние сме виновни за тоа колку спиеме! Ако спиеме доволно, ќе се чувствуваме подобро и полесно ќе ги вршиме секојдневните обврски, појасно ќе размислуваме и ќе работиме поефикасно.

2. Квалитетниот сон ни помага да изгледаме поубаво…

Сигурно сте слушнале за митот дека сонот може да не разубави. Можеби вие не верувате во тоа? Многу истражувања и факти ги покажуваат позитивните ефекти од сонот и неговата поврзаност со нашиот физички изглед.

Додека спиете, вашата кожа дише и се обновува. Клетките во кожата побрзо се обновуваат во текот на ноќта, па вашата кожа ќе биде посветла и поубава откако добро ќе се наспиете.

Влијае и на вашата телесна тежина

Недостатокот на сон влијае и на телесната тежина. Кога спиете малку и нередовно, постои можност тоа да се влијае на вашата телесна тежина.

Редовното спиење помага при одржување на високото ниво на хормонот, кој го балансира чувството на ситост.

За да се чувствувате добро, да бидете здрави и убави, се препорачува да спиете најмалку седум до осум часа.

3. Најважно е да го одберете вистинскиот душек

За да може да се наспиете душекот на кој спиете мора да биде удобен. Но, одбирањето на вистинскиот душек е голем проблем за многу луѓе, бидејќи не можат да се одлучат и не знаат дали да купат мек или цврст душек.

Кога душекот е премногу цврст, вашите мускули и ‘рбет ќе бидат релаксирани во текот на ноќта. Кога  е премногу мек, нема да му ја даде вистинската поддршка на вашето тело.

Затоа, пред да купите одреден душек, ние препорачуваме да соберете добри информации за:

  • Квалитетот и приспособливоста на душекот,
  • Материјалите во душекот – доколку имате алергии проверете кои материјали најмногу ви одговараат,
  • Положбата во која спиете – проверете кој душек најмногу ќе ви одговара доколку спиете на страна, грб или на стомак,
  • Кој душек му одговара на вашиот партнер. Ако не можете да најдете соодветно решение, ние препорачуваме душек кој има двојно јадро и кое може да се менува и ќе ви овозможи да спиете во положбата која вам најмногу ви одговара.

4. Совети за добар сон

  • Пред да спиете, не консумирајте кафе, црн чај, никотин и други стимуланси.
  • Одберете душек, кој е изработен од квалитетни материјали.
  • Температурата во спалната соба не треба да надминува 25 Целзиусови степени.
  • Собата во која спиете мора да биде проветрена.
  • Навлаката, перницата, рамката на креветот и други додатоци се исто така многу важни за добриот сон.

Иновативни душеци за добар сон

Дормео е многу горд што може да ви понуди целосно нова генерација на душеци – Дормео Октаспринг. Нивната специјална карактеристика се пружините од пена. Тие се најновото достигнување во полето на развојот на технологијата за производство на душеци и новитет на пазарот.

Специјалната карактеристика на пружините од пена е нивната 3Д приспособливост. Ова значи дека секоја Октаспринг пружина динамично се прилагодува на формата и движењата на телото за време на спиењето и не создава притисок.

Друга предност на Октаспринг душеците е нивната неверојатна проветреност. Таа е резултат на нивната единствена структура во форма на пчелино саќе. Благодарение на нивната форма, воздухот лесно може да циркулира и со тоа душекот е постојано проветрен.