КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Спијте удобно и кога е топло

Дали сте еден од оние луѓе кои откако ќе си легнат се мачат да заспијат затоа што ви е премногу топло, или пак се будите среде ноќ испотени, иако не е лето? Ноќното потење обично не е причина за загриженост, иако постојат случаи кои може да укажуваат на некои медицински проблеми.

Тие се всушност многу чести за жени во менопауза, луѓе со други хормонални проблеми, луѓе со голема телесна тежина и слично. Меѓутоа, често се случува да ни биде жешко во текот на ноќта поради нашиот начин на живот и околината во која спиеме. Обидете се навечер да одбегнувате: алкохол, зачинета храна за време на вечерата или како доцна ужина, вежбање пред спиење и пушење.

Како да добиете идеална средина за спиење:

  1. Спијте во постудена просторија. Оставете ги прозорците отворени навечер, ако е можно, или обидете се да користите вентилатор или клима уред. Оптималната температура се препорачува да биде помеѓу 18 и 21°C. 
  2. Носете пижами направени од материјал кој дише, е лесен и апсорбира, како на пример памук, бамбус, лен, Tencel, вискоза. Пижамите треба, исто така, да бидат и пошироки за да се чувствувате поудобно.
  3. Купете душек кој повеќе дише, по можност направен од барем еден слој пружини бидејќи тие овозможуваат подобар проток на воздух. Ако сте љубител на пена, ви ги претставуваме иновативните пружини од пена Octaspring®, кои 8 пати повеќе дишат во споредба со мемори пената и обезбедуваат неверојатна циркулација на воздухот, намалувајќи ја температурата на вашиот душек за 3°C. Дефинитивно вреди да се проба. Исто така, навлаките на душекот треба да бидат ладни на допир и изработени со впивачки материјали, како вискоза и слично. Одлични додатоци се и среброто, бамбусот, Tencel и другите влакна што ја регулираат температурата. Исто така, третманите како HeiQ помагаат во регулирањето на температурата и функционираат на двата начина (исто така се загреваат кога е потребно).
  4. Заменете ја постелнината со постелнина направена од материјал кој дише и е студен на допир.    
  5. Користете полесни јоргани, направени од материјали кои дишат и ја впиваат влагата. Исто така, потрудете се полнењето да дише и да се пере, на пр. Wellsleep влакна. Други одлични материјали се волна, Tencel, бамбус, лен, вискоза, итн. За оние кои многу се потат во текот на ноќта, овие материјали ќе придонесат кон одржување на свежината на средината во која спиете. 
  6. Одбере перница која дише, особено ако се потите во пределот околу главата. Перницата не треба да ја задржува топлината, туку да ви помогне да се оладите. Некои перници содржат гел за разладување или пак се направени од други материјали кои имаат способност за циркулација на воздух, како Octaspring® пружини или Wellsleep влакна. Одберете ги истите материјали како и кај пижамите и јорганите. 
  7. Душекот секогаш поставувајте го на летвички и рамката на креветот секогаш треба да биде отворена во долниот дел, со цел да се обезбеди соодветен проток на воздух.